Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски за демографијата: Создавањето семејство е патриотски чин и денес така се брани иднината на Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски за демографијата: Создавањето семејство е патриотски чин и денес така се брани иднината на Македонија
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за демографијата: Создавањето семејство е патриотски чин и денес така се брани иднината на Македонија

Објавено July 25, 2025 16:17
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски во следниот период најавува поробусни акции со коишто ќе се подобри демографската слика на земјата и тоа според него ќе биде главниот предизвик во годините што следат.

– Мислам дека главен предизвик за нас како држава во годините што следат е демографијата. Многупати сум зборувал и ќе продолжам да зборувам и ќе бидам многу гласен бидејќи може да реновираме безброј градинки и училишта, да правиме патишта, ако немаме деца, тогаш тоа ни е залудно. Можеби некои ќе ме прогласат за конзервативен, некои ќе ме прогласат за човек кој живее во минатото, но јас мислам дека создавањето семејство е патриотски чин и денес така се брани иднината на Македонија, изјави Мицкоски по пуштањето во употреба на булевар во Гевгелија.

Смета дека придонес кон ова ќе дадат и најавените шест бесплатни ин витро процедури.

– Ценам дека овие двојно зголемени бесплатни шест ин витро процедури за разлика од минатото кога беа три, се во таа насока, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Две ипол годишно дете тешко повредено во сообраќајка помеѓу автомобил и четирицикл
Следна Статија Нов антикорупционер ќе се бира во рок од 10 дена откако Собранието ќе ја констатира оставката на Димитровска

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Поплавени домови, улици, подруми и деловни објекти во Куманово од силното невреме

Силното невреме што вчера го зафати Куманово зад себе остави поплавени домови, деловни објекти и улици, а екипите на надлежните…

July 2, 2026
МАКЕДОНИЈА

Почнува со работа Истражниот центар при Основното јавно обвинителство Битола

Во Основното јавно обвинителство во Битола денеска ќе биде пуштен во функција Истражен центар. Како што соопштија од Државното јавно…

July 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: На маса ставен е предлог за мир во Украина, тоа е новата геополитичка слика

Министерот за одбрана на Република Македонија, Владо Мисајловски во синоќешното своето гостување во Дневникот 2 на МРТВ истакна дека на…

February 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Силјановска Давкова: Дипломатскиот добротворен базар е место каде што солидарноста ги поврзува културите

Претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска учествуваше на Дипломатскиот хуманитарен базар, кој под покровителство на амбасадорот на Република Австрија, Мартин Памер…

November 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?