Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Скопје одбележани 83 години од депортацијата на македонските Евреи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Во Скопје одбележани 83 години од депортацијата на македонските Евреи
МАКЕДОНИЈА

Во Скопје одбележани 83 години од депортацијата на македонските Евреи

Објавено March 11, 2026 14:26
Сподели
Сподели

Сеќавањето е наша морална должност, а борбата против омразата наша историска одговорност. Затоа, не смееме да се свртиме од минатото и не смееме да се плашиме од најтемните поглавја од историјата, туку да ги признаеме ужасните извесности, како и празнините, неизвесностите и прашањата што остануваат без јасни одговори до ден денес. Не смее да се дозволи заборавот да ги проголта македонските Евреи. Може да има многу политички мотивирани приказни, но постои само една историска вистина, беа пораките упатени денеска од поранешниот Монопол во Скопје, каде што беа одбележани 83 години од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во логорот Треблинка.

Претседателот на Еврејската заедница во земјава Пепо Леви во своето обраќање кажа дека и по 83 години чувството не е поразлично и оти горчината и болката никогаш нема да поминат.

-Пред точно 83 години овде времето запре. Овде исчезна една заедница. 7144 евреи исчезнаа во логорот Треблинка. Исчезнаа Калдерон, Леви, Нахмијас, Камхи, Русо, Садикарио, Мизрахи, Фараџи, Алба, Шами, исчезнаа илјадници наши блиски, наши роднини. Патот кон Треблинка започна овде, во Монопол. Од сточните вагони на БДЖ, натоварени како товар, не како луѓе, без достоинство, без милост, без трошка човечност. Ладнокрвноста со која се организирани овие транспорти останува еден од најстрашните докази за тоа колку брзо државниот апарат на нацистичка Германија, преку своите сателити, бугарските окупатори, може да се претвори во совршена машина на смрт, рече Леви.

Тој потсети дека 98 проценти од еврејската популација во Македонија беше избришана, и оти тоа е еден од највисоките проценти на уништување во цела окупирана Европа.

-По Втората светска војна, во 50те, 60те, 70те години, ниту еден здрав ум не можеше да замисли дека ќе дојде време кога некој ќе се обиде да ја искриви историјата на холокаустот. А сепак денес, речиси осум децении по крајот на војната, ние сме сведоци на постојани обиди за глорификација на нацистите и нивните соработници. Се создаваат паралелни наративи, се брише одговорноста, истакна Леви.

Тој нагласи дека не смее да се дозволи заборавот да ги проголта македонските Евреи, да ги заборават возовите, да не се споменуваат списоците.

-Може да има многу политички мотивирани приказни, но постои само една историска вистина. Во меморијалниот простор на музејот Треблинка, каде што пепелта на илјадници луѓе измешана со земја и каде се поставени камени обележја со имиња на земјите од каде што биле донесени жртвите, меѓу нив и каменот со натпис Македонија, денес се оспорува тој камен. Се бара негово преименување или отстранување поради политичките спорови и внесување на дневна политика во масовна гробница. Од тука сакам јасно да подвлечам, тој камен не е геополитичка формула, не е дипломатски став, тоа е историја на македонските Евреи. Тоа е историја на Македонија. И затоа, токму денес, во овој момент, во Треблинка, делегација на еврејската заедница и фондот на холокауст предводена од претседателката Гордана Сиљановска Давкова, полага цвеќе пред тој камен. Не како чин на политика, туку како чин на почит кон 7144 животи што таму немаат гроб освен тој камен, истакна Леви.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Академик Живко Попов: Борбата за македонскиот јазик не е завршена!
Следна Статија (ВИДЕО) Владата организира меѓународна конференција за пожарот во Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Силна нестабилност со дожд, ветер и град во поголемиот дел од земјава

Пороен дожд, грмежи, силен ветер и град го погодија Скопје попладнево. Во некои населби од главниот град, како и во…

August 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Затворен магистралниот пат Ресен – Битола, сообраќајот се одвива во големи гужви по стариот пат

Затворен магистралниот пат Ресен – Битола, сообраќајот се одвива во големи гужви по стариот пат Колоната на возила постојано се…

August 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Не се размислува за зголемување на даноците, кажа Ѓорѓиевски

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски денеска на прес-конференција изјави дека не размислува за зголемување на даноците. Тој рече дека Град Скопје…

February 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

МНР: Интензивно се работи на обезбедување услови за безбедна евакуација на македонските државјани од погодените подрачја

Министерството за надворешни работи информира дека интензивно работи на обезбедување услови за соодветна и безбедна евакуација на македонските државјани од…

March 3, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?