Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска Давкова денес на одбележувањето на 80-годишнината од ослободувањето на Аушвиц
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска Давкова денес на одбележувањето на 80-годишнината од ослободувањето на Аушвиц
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова денес на одбележувањето на 80-годишнината од ослободувањето на Аушвиц

Објавено January 27, 2025 08:31
Сподели
Сподели

Шефицата на македонската држава Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе престојува во посета на Република Полска, по повод одбележувањето на 80. годишнината од ослободувањето на германскиот нацистички концентрационен и логор за истребување Аушвиц-Биркенау, во предградието на Освиенцим, близу Краков.

На настанот ќе присуствуваат бројни шефови на држави и влади, членови на кралски семејства и високи претставници на Европската Унија.

На церемонијата, покрај македонската делегација, ќе присуствуваат и претседателите на Австрија – Александар Ван дер Белен, Бугарија – Румен Радев, Чешка – Петр Павел, Естонија – Алар Карис, Финска – Александар Стуб, Франција – Емануел Макрон, Германија – Франк-Валтер Штајнмаер, Унгарија – Тамаш Шујок, Италија – Серџо Матарела, Молдавија – Маја Санду, Црна Гора – Јаков Милатовиќ, Косово – Вјоса Османи-Садриу, Полска – Анджеј Дуда, Словачка – Петер Пелегрини и Словенија – Наташа Пирц Мусар. Присуство најавија и премиерите на Белгија – Александар Де Кро, Канада – Џастин Трудо, Хрватска – Андреј Пленковиќ, Холандија – Дик Шуф, Норвешка – Јонас Гар Сторе и Шведска – Улф Кристерсон.

Меѓу присутните ќе бидат и членови на кралски семејства, како што се Кралот Чарлс III од Обединетото Кралство, кралот и кралицата на Белгија, кралот и кралицата на Данска, кралот Вилем-Александар, кралицата Максима и принцезата Катарина-Амалја од Холандија, принцот престолонаследник Хокон од Норвешка, кралот Филип VI и кралицата Летиција од Шпанија, како и принцезата Викторија од Шведска.

САД ќе бидат претставени од специјалниот пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф, додека од Израел ќе присуствува министерот за образование Јоав Киш.

Присуство најавија и високи претставници на меѓународни организации, меѓу кои претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, заменик генералниот секретар на НАТО, Радмила Шеќеринска, генералната директорка на УНЕСКО, Одри Азуле и заменик секретарот на ООН за политички и мировни прашања, Розмари ДиКарло.

Како што соопштија од Музејот „Аушвиц-Биркенау“, оваа годишнина ќе биде без говори на политичарите. Говорите ќе ги одржат само преживеаните од логорот, бидејќи, според директорот на музејот, Пјотр Цивињски, тоа ќе биде можеби последната голема комеморација на која тие ќе можат да сведочат лично за своите искуства. – Воопшто нема да има политички говори. Ќе се фокусираме на историите, болката и траумата на преживеаните, изјави Цивињски во интервју за „Гардијан“.

Русија, која во 2005 година беше претставувана од Владимир Путин, овој пат нема да има делегација, поради тековната војна во Украина. – Тоа се нарекува ден на ослободувањето, и не мислам дека земја која не ја разбира вредноста на слободата има место на оваа церемонија“ж, додаде Цивињски.

Логорот Аушвиц, ослободен на 27 јануари 1945 година од страна на советските сили, е симбол на страдањата за време на Холокаустот. Од околу 1,3 милиони луѓе испратени во логорот, повеќе од 1,1 милион беа убиени, главно Евреи.

Претседателката Сиљановска-Давкова, во рамките на посетата на Полска, ќе го посети и Јагелонскиот универзитет во Краков. Според агендата, таа ќе се сретне со про-ректорот, ќе го посети музејот „Колегиум Мајус“ и ќе се потпише во книгата на впечатоци. Таа ќе подари дрворез со македонски мотиви, додека од универзитетот ќе добие репродукција на Јагелонскиот глобус.

Музејот „Колегиум Мајус“, кој некогаш бил седиште на Јагелонската библиотека, поседува богат фонд со ракописи од XIV век и е дел од историјата на универзитетот, основан во 1364 година. Пред посетата на универзитетот, Сиљановска-Давкова ќе одржи средба со професори од Институтот за словенски јазици и македонисти од Република Полска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дачиќ: Дрво му го попречи патот на српскиот премиер, истражуваме дали е намерно соборено
Следна Статија Ново судско рочиште за убиството на Вања и Панче, прво откако сведокот Гоце Трајковски минатата недела сам се пријави во полиција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Кои експерти ќе учествуваат во расправата за Законот за јазици пред подготвителната расправа?

Во јавноста не стивнуваат реакциите по одлуката на Уставниот суд да одржи подготвителна седница на Законот за употреба на јазиците.…

December 13, 2024
МАКЕДОНИЈА

Утрово општина Гази Баба рушеше дивоградба и спречи две нови да никнат

Утрово во заедничка акција со полицијата, општина Гази Баба урна дивоградба, на која, сопственикот продолжил со градежни активности и покрај…

December 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Фотографиите од „Сејф сити“ нема да го покажуваат совозачот, ликот ќе биде замаглен

Суштината е дека мораме да ги доставиме до граѓаните сите оние докази кои што би требало да ги убеди дека…

January 21, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски- Калас: Потреба ЕУ да го забрза процесот- Македонија заслужува да оди напред во интеграциите

Премиерот Христијан Мицкоски во Брисел оствари средба со еврокомесарката за надворешни работи, Каја Калас. -Во Брисел имав средба со еврокомесарката…

December 18, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?