Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Американска живеачка: Плати од 55.000 долари, леб два долара, млеко еден долар…
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Американска живеачка: Плати од 55.000 долари, леб два долара, млеко еден долар…
Blog

Американска живеачка: Плати од 55.000 долари, леб два долара, млеко еден долар…

Објавено May 18, 2025 17:09
Сподели
Сподели

Економијата е главна тема во САД, како земјата се наближува до конгресните избори во 2026 година. Впрочем, Трамп беше избран токму поради ветувањата дека ќе ги намали цените и ќе донесе ренесанса за американските работни семејства од провинцијата, која за него гласаше убедливо.

Иако некои макроекономски показатели упатуваат на контролирана инфлација и зголемени плати во урбаните центри, реалноста за милиони Американци е значително потешка. Стагнирачките плати во индустриските и рурални региони, поскапената храна и зголемени трошоци за живот принудуваат многумина да се откажат од стандардните животни удопства, како купување нов автомобил или планирање одмор во Европа или други странски егзотични места. Младите семејства кои сакаат да станат сопственици на домови, повторно, како и во пост-пандемискиот пероид, ги одложуваат плановите да купат и продолжуваат да рентат.

Политичките и економски приоритети на администрацијата на Трамп ја заострија ситуацијата со реформите за владино штедење и реструктуирањето на трговската и енергетската политика на земјата.

Нерамнотежа на плати, царини и инфлација

Постои регионална нерамнотежа на американските плати. Така, на пример, просечната бруто неделна плата во округот Колумбија во првиот квартал годинава достигнала до 2.000 долари, зголемување од 7.5 отсто споредбено со лани, според американското Биро за статистика. Сепак, во т.н. „рѓосан појас“ (Rust Belt), регион што некогаш беше мотор на американската индустрија, платите остануваат значително пониски. Во регионите недалеку од местото на престој на дописникот на МИА, како Пенсилванија и Западна Вирџинија, просечната годишна плата се движи околу 55,000 долари во бруто износ (или 4,600 месечно), што е под националниот просек. Истовремено, трошоците за основни животни потреби растат побрзо од платите. Во Вирџинија на пример, месечните трошоци за храна се 366 долари по лице, но 78 отсто од жителите пријавуваат дека им е се потешко да ги покријат.

Годишната инфлација во март 2025 изнесувалa 2.4 отсто, но цените на храната пораснале за 3 отсто.

Просечните цени на основните прехранбени производи во САД се високи.

Цените на млекото, јајцата, лебот и меленото говедско месо во мај 2025 година бележат стабилни, но значајни разлики поради епидемии и пазарни нарушувања.

Јајцата чинат 6 долари за една дузина. Зголемувањето на цените е предизвикано пред сè од ширењето на птичјиот грип, од што сериозно се погодени живинарските фарми низ цела земја.

Говедското месо достигна 5.5 долари за фунта (околу 0.4 килограми). Цената е под притисок на болестите кај добитокот и проблеми во синџирот со снабдување, што доведува до растечки трошоци на национално ниво.

Млекото се продава по 4 долари за галон (околу 4 литри). И покрај предизвиците во млечната индустрија, цената останува релативно стабилна благодарение на федералната регулација, наведува „Investigate Midwest“.

Цената на лебот е околу 2 долари за векна.

Освен цените на млекото, останатите намирници бележат умерено зголемување во согласност со општата инфлација. Нивната цена варира според региони, така на пример, просечната цена на јајцата во Калифорнија е речиси 9 долари, додека на национално ниво таа е речиси 5. Високите цени во Калифорнија се главно резултат на државните регулативи според кои се бара продажба на јајца од кокошки што се во слободна паша, без кафези, како и влијанието на птичјиот грип.

Монетарна политика и технолошки потенцијал

Федералните резерви ги задржаа каматните стапки на стабилно ниво од 5.25 отсто, но сигнализираа можни намалувања до крајот на годината, доколку економската активност се забави. Овој потег има цел да спречи рецесија, а воедно да го поддржи технолошкиот сектор кој претрпува нестабилност поради нејасната трговска и енергетска политика.

Економистот Нуриел Рубини смета дека и покрај овие предизвици, инвестициите во вештачка интелигенција и автоматизација ќе дадат нов поттик за продуктивноста.

-Технологијата ќе ја неутрализира краткорочната штета од трговските бариери, изјави тој, пренесе Блумберг.

Сепак, секторот на обновливи енергии и електроавтомобили, што до неодамна беше симбол за иновација и одржливост, сега се наоѓа во политичка и пазарна неизвесност. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ферстапен со триумф на Имола
Следна Статија Затвореници избегале од затвор во Њу Орлеанс низ дупка зад тоалетна школка/ВИДЕО

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Дневен хороскоп за Вага – сабота, 15 февруари 2025

💡 Општа енергија на денот: Денеска, ви се препорачува да се фокусирате на вашето лично развитие и да барате инспирација…

February 15, 2025
Blog

Дневен хороскоп за Бик – четврток, 30 јануари 2025

💡 Општа енергија на денот: Потребата за баланс меѓу активност и одмор е клучна за Биковите денес. Стабилниот и упорниот…

January 30, 2025
Blog

Аргентинскиот претседател за скандалот со криптовалутата либра: Сите знаеја во што се впуштаат

Претседателот на Аргентина Хавиер Милеј синоќа првпат се огласи по викендот обележан со скандал околу промоцијата на криптовалутата либра ($LIBRA),…

February 18, 2025
Blog

Само во една земја платата е под 3.000 евра: Што се добри плати за Европејците?

Одговорот на прашањето што е добра плата во една земја не е толку едноставен. Тоа зависи од фактори како што…

October 9, 2024
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?