Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Затвореници избегале од затвор во Њу Орлеанс низ дупка зад тоалетна школка/ВИДЕО
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Затвореници избегале од затвор во Њу Орлеанс низ дупка зад тоалетна школка/ВИДЕО
СВЕТ

Затвореници избегале од затвор во Њу Орлеанс низ дупка зад тоалетна школка/ВИДЕО

Објавено May 18, 2025 17:13
Сподели
Сподели

Десет затвореници, кои се сметаат за „вооружени и опасни“, избегале од затвор во Њу Орлеанс во петокот наутро, а се верува дека имале помош одвнатре, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Орлеанс. Тројца затвореници се фатени, додека седуммина се уште се во бегство.

Првично, канцеларијата на шерифот изјави дека 11 затвореници избегале, но подоцна во петокот го коригираше бројот. Кит Луис бил погрешно идентификуван како бегалец, изјави шерифката Сузан Хатсон на прес-конференција.

„Нема начин никој да излезе од овој објект без помош одвнатре“, рече Хатсон. Затворениците биле пронајдени како исчезнати за време на рутинско пребројување во 8:30 часот наутро по локално време и се верува дека избегале веднаш по полноќ.

Според шерифот, затворениците околу 12 часот и 23 минути ја откорнале лизгачката врата од ќелијата, а во 01 часот и 10 минути по пробивајќи го ѕидот зад тоалетот, избегале од затворот.

Канцеларијата на шерифот објави видео од бегството, на кое се гледа како затворениците бегаат од затворот и го минуваат автопатот. Освен тоа, избеганите оставиле навредливи пораки за чуварите, меѓу кои и натпис „премногу лесно, LOL“.

Вчера, државната полиција на Луизијана објави дека тројца од заробените биле префрлени во „безбеден државен објект“ и дека потрагата по другите е сè уште активна и во неа се вклучени повеќе агенции. Наградата за информации кои ќе доведат до апсење на бегалците е зголемена на вкупно 12.000 американски долари (10.750 евра).

Хатсон истакна дека најверојатно имало безбедносен пропуст и дека затворениците имале помош од персоналот или замениците. Таа исто така нагласи дека бравите на ќелиите се неисправни и дека со години барала средства за надградба на безбедноста, но безуспешно.

Еден од бегалците, Кендел Мајлс, беше фатен во центарот на Њу Орлеанс благодарение на препознавањето на лицето на надзорната камера и беше пронајден како се крие под автомобил во гаражата на хотелот Монтелеоне. Другите затвореници, Роберт Муди и Дкенан Денис, исто така беа вратени во затвор во петокот.

Полицијата објави дека остатокот од бегалците најверојатно се уште се во Њу Орлеанс Локалните, државните и федералните агенции, вклучително и ФБИ и американските маршали, учествуваат во потрагата. Повеќето од бегалците се обвинети за убиства или други насилни злосторства, а полицијата преселила некои жртви и нивните семејства заради безбедност.

Јавноста е предупредена дека секој што ќе им помогне на бегалците ќе биде кривично гонет. Канцеларијата на шерифот делумно ја обвинува градската влада за недостигот на средства за подобрување на безбедноста, наведувајќи дека замената на бравите во затворот чини 5,2 милиони долари (4,66 милиони евра).

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Американска живеачка: Плати од 55.000 долари, леб два долара, млеко еден долар…
Следна Статија Мицкоски: Таравари го одбра својот пат, ќе се обиде повторно да најде начин да влезе во коалиција со нас

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

САД ќе банкротираат без кратења на федералните трошоци, смета Маск

САД ќе банкротитраат без кратења на федералните трошоци, изјави денеска технолошкиот милијардер Илон Маск. Маск, кој ги предводи напорите под…

February 12, 2025
СВЕТ

Харис: Го признавам поразот, но не се откажувам од борбата за слободата и идеалите

Потпретседателката на САД и демократска кандидатка на изборите, Камала Харис, не успеа да и’ обезбеди победа на својата партија, а…

November 7, 2024
СВЕТ

(Видео) Невреме ја погоди Сицилија, поројот носеше автомобили на улиците

Неколку автомобили завршија во морето поради обилните врнежи на италијанскиот медитерански остров Сицилија, соопштија денеска пожарникарите. Автомобилите беа однесени од…

November 13, 2024
СВЕТ

Војната во Иран ќе ја крене цената на нафтата угоре

Цените на нафтата утринава нагло пораснаа, а берзанските индекси паднаа во раното тргување откако САД и Израел започнаа напади врз…

March 2, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?