Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Американска старт-ап компанија тврди дека може жива да претвори во злато
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Американска старт-ап компанија тврди дека може жива да претвори во злато
ЕКОНОМИЈА

Американска старт-ап компанија тврди дека може жива да претвори во злато

Објавено August 5, 2025 09:21
Сподели
Сподели

Компанија која се занимава со фузија на енергија, тврди дека пронашла начин живата да ја претвори во злато.

Компанијата „Маратон фјужн“ (Marathon Fusion) со седиште во Сан Франциско наведува дека истата енергија која еден ден може да овозможи неограничен извор на чиста енергија, може да се искористи и за чиста алхемија, пишува „Фајненшл тајмс“.

Според трудот, кој сè уште не е рецензиран, нуклеарната трансмутација – процесот со кој еден елемент или изотоп се претвора во друг, преку отстранување на протон од неговото јадро, би можела да се користи за синтеза на златни честички.

„На хартија, изгледа одлично и сите со кои досега разговарав за тоа, се заинтригирани и возбудени“, изјавил за „Фајненшл тајмс“ Ахмед Диало, физичар во Министерството за енергетика на САД, кој ја прегледал студијата.

Од фузија до алхемија

Во текот на изминатите три години, Marathon Fusion собрале речиси 6 милиони долари од приватни инвеститори и 4 милиони долари од владини грантови, фокусирајќи се на зголемувањето на ефикасноста на фузискиот систем.

Сепак, концептот за имитирање на условите од јадрото на Сонцето за да се произведе нето позитивна количина на енергија останува неостварлив, и покрај децениските истражувања.

Научниците тукушто почнуваат во достигнувањето на точката во која фузиските реактори произведуваат повеќе енергија отколку што им е потребно за да се одржат, а скалирањето на овие системи е дополнителен предизвик, со оглед на тешкотијата да се контролира екстремно високоенергетската и нестабилна плазма во сложените реактори.

Во почетокот на оваа година, „Маратон“ се фокусираше на нуклеарна трансмутација, предлагајќи да се воведе изотоп на жива – Hg-198 – во фузиски реактор за да се претвори во Hg-197. Ова се прави со класични фузиски горива, како што се литиумските и водородните изотопи.

Но, овој пат се појавува интересен нуспроизвод: Hg-197 е нестабилен изотоп кој спонтано се распаѓа во злато-197 – стабилна форма на злато.

Златото како нуспроизвод на фузиска електрана?

Иако процесот сè уште не е докажан, раководителите на оваа старт-ап компанија веќе размислуваат за огромни приходи – или, како што велат, златни прачки. Техничкиот директор Адам Рутковски и извршниот директор Кајл Шилер тврдат дека дури 5.000 килограми злато би можеле да се произведуваат годишно на еден гигават произведена електрична енергија – и тоа без да се намали вкупното производство на електрична енергија.

„Клучниот увид е дека оваа серија брзи неутронски реакции може да произведе големи количини злато, а воедно да ги задоволи барањата за циклусот на гориво на системот“, изјавил Рутковски за „Фајненшл тајмс“.

Сепак, има една цака

Секако, работите не се толку едноставни. Некои од другите изотопи на златото произведени за време на процесот би можеле да бидат радиоактивни, што значи дека златните прачки би требало да се складираат дури од 14 до 18 години пред да бидат безбедни за употреба.

И покрај порастот на нови старт-ап компании за фузија кои привлекуваат милијарди долари инвестиции за развој на одржливи извори на енергија, основниот концепт за производство на електрична енергија со фузија на атоми сè уште не е комерцијално одржлив.

Затоа амбициите на Рутковски и Шилер да се збогатат преку рударство на злато остануваат повеќе идеја отколку реалност.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сѐ повеќе луѓе остануваат без работа поради вештачката интелигенција – најголем удар врз младите
Следна Статија Финансиски хороскоп за август 2025: Кои знаци ќе „пливаат“ во пари, а кои ќе имаат загуба?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Светска банка предлага зголемување на ДДВ од 18 на 19 проценти

Македонија може да се справи со растечкиот долг и да обезбеди макроекономска стабилност со подобрување на својата фискална состојба преку…

December 13, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Каматната стапка за заемот од договорот со Обединетото Кралство ќе биде пониска од 4,5 проценти

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека вкупната каматна стапка за заемот од договорот со Обединетото Кралство ќе биде помала од маргината…

May 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Новоизбраните вицегувернери дадоа свечена изјава во Собранието

Вицегувернерите на Народната банка, Ана Митреска и Игор Величковски, денеска дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши, со…

April 9, 2026
ЕКОНОМИЈА

Исплатени 23,5 милиони евра на граѓаните од Првата граѓанска обврзница

Министерството за финансии денеска објави дека успешно е завршена исплатата на главницата и каматата за првата граѓанска обврзница, издадена во…

July 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?