Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Анатомија на (уште) една злоупотреба на македонските тајни служби
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Анатомија на (уште) една злоупотреба на македонските тајни служби
МАКЕДОНИЈА

Анатомија на (уште) една злоупотреба на македонските тајни служби

Објавено September 2, 2025 15:01
Сподели
Сподели

Пред 4 дена Агенцијата за национална безбедност соопшти дека доставила три известувања до Јавното обвинителство за еден од своите поранешни директори, како и група вработени, зашто од 2019 до 2024 година, следеле опозиционен лидер и неколку медиуми. Според изворите од АНБ на порталите беше објавено дека незаконски бил следен и обвинител, министер од претходната влада, како и неколку новинари.
Оваа злоупотреба е можеби 10та во низа за 30 години независност и парламентарна демократија. Претходно, премиерот Мицкоски соопшти дека и Агенцијата за разузнавање кога со неа раководел Еролд Муслиу, во мандат на претедателот Стево Пендаровски ги правела истите злоупотреби како и АНБ против тогашната опозиција и новинари. Истовремено со објавата дека АНБ следела опозиционери, новинари и обвинители се појави и признанието дека поранешниот министер за надворешни работи се среќавал во Будимпешта со поранешниот премиер и бегалец од правдата, Никола Груевски, но дека неговите средби како министер биле класифицирани информации ??!!

Ајде да почнеме со ред.
Откако пред 80 години е формирана ОЗНА (Одделение за заштита на народот), тајните служби започнаа со загосподарување на животот како на обичниот човек така и на општествениците во оваа држава. Со исклучително мали периоди, оваа држава и општество буквално немаат дерман видено од местенките на бившата ОЗНА, УДБА, СДБ, ДБК, УБК, АНБ, АР… Без разлика кое име да го користеле, службите ја злоупотребувале својата моќ врз овој народ кој сонувал за слобода, граѓанско општество, развиена демократска држава.
Можеби делува неверојатно, но согласно најновите достапни архивски податоци неверојатни 47%, од монтираните политички случаи на Александар Ранковиќ и Светозар Вукмановиќ Темпо после резолуцијата на Информбирото од ’48ма до ’53та, биле неправедно уапсени и осудени без никаква основа. Тоа е речиси половина од сите македонски осуденици и маченици испратени неправедно на Голи Оток и Свети Гргур. Зборуваме за бројка од 1651 уапсено лице, од кои 888 испратени на робија (801 македонец на Голи Оток, останатите на Св.Гргур или на други места). Меѓу нив на испратени на мачеништво на тој суров остров по налог на македонската ОЗНА биле пратени и Панко Брашнаров (потпретседател на АСНОМ), Никола Кљусев (прв македонски премиер), Петре Пирузе (прв министер за правда), а голем дел од нив воопшто не се ни вратиле од овие политички заточеништва.

Откако во СФРЈ се намалила паранојата од информбировците започнува нова мрачна фаза, а тоа е бруталното пресметување со албанците на Косово и делумно во Македонија по српски рецепт и уште побруталното киднапирање и ликвидирање на видни македонски емигранти низ Европа. Рецептот останал ист, инфилтрирање на соработници на УДБА во македонските емигрантски здруженија кои ја негувале идејата за самостојна држава со прозападна ориентација. Интересно е да се напомене дека оваа “дејност” на македонската УДБА била со цел “оправдување” на дејствијата против силната хрватска емиграција која уште пожестоко од македонската се противела на постоењето на Хрватска во рамки на социјалистичка Југославија.
Овие југословенски служби како и службите од целиот социјалистички блок останаа посрамени, занемени и со прстот во уста кога од Берлин во 1989 ги видоа сцените на падот на ѕидот и падот на комунизмот насекаде низ Европа. Нешто кое сите, освен југоносталгичната УДБА, ЈНА и нивните социјалистички пандани, го очекуваа и посакуваа.
Со прогласувањето независност на Македонија не престана идеолошката потреба од означување на ВМРО и опозицијата како анти-уставен и анти-државен елемент. Врвот на пресметките со опозицијата веројатно се големите студентско-средношколски протести од 1997, кога повторно по стариот удбашки рецепт, во движењето беа уфрлени соработници и послушници на тогашната ДБК.

Тогаш кога Македонија посериозно зачекори кон евроатлантскиот пат излегоа на виделина обвинувањата за злоупотреби на мерката прислушување од 2000та и 2015та во кои постои еден заеднички содржател, Верушевски. Неговата замешан и во двете афери беше народски кажано “до гуша” и веројатно заради тоа никогаш никој не беше правосилно осуден иако беа обвинувани највисоките вмровски властодршци од двете афери.

Тогаш кога сите помислија дека е дојдено време за одговорност преку СЈО и Заев кој донесе “живот во Македонија” ни се случуваат овие две нови афери од 2024 и 2025 како и онаа од 2017 објавена од Оливер Спасовски за следење на телефонската централа на Јавното Обвинителство.

Што всушност се случувало во двете служби во периодот од 2019-20204?

Директорот на АНБ, Виктор Димовски и директорот на АР, Еролд Муслиу, најверојатно поттикнати од Зоран Заев и Стево Пендаровски, повторно ја вратиле на плеј старата плоча “македонски национализам” и “ВМРО антидржавен елемент” за да ги полнат овојпат фолдерите на НАТО со лажни извештаи за наводни руски, кинески и какви сè не врски на првенците на ВМРО. Ова е нивна стара појдовна теза, започната да се шири веројатно уште од 2015 година, дека ВМРО е сомнителна организација која делува со пари и цели на рускиот и кинески Исток.
Кога сфатиле дека оваа операција освен за елиминација на идеолошки неподобен кадар, не поминува кај граѓаните, бидејќи рејтингот на ВМРО одеше постојано во нагорна линија, започнаа со една нова и посложена операција во која се вклучи и ДУИ.  Тоа беше операцијата за враќање на Никола Груевски од Будимпешта во Македонија, како единствен начин за раскол и намалување на изборниот резултат од сè поизвесната победата на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори. Оваа нивна намера беше пресретната и спречена од највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Очајните времиња предизвикуваат и очајни потези па на почетокот од 2024 година пред кампањата за претседателските избори, Стево Пендаровски заедно со Димитар Ковачевски и Миле Зечевиќ тргнале во ангажман на контроверзниот израелец Асаф Еисин со намера преку објавување на лажно креирани банкарски сметки, емаилови и СМС пораки да направат медиумска хистерија околу наводни нелегални финансирања на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ по примерот на сега веќе докажаните лажни дискредитации на еден од лидерите на српската опозиција Ѓилас, а по нарачка на српската владеачка партија, нејзините функциониери и портали блиски до нив.
Оваа афера беше маестрално разоткриена и спречена буквално на десетина часови пред да почне нејзиното хистерично ширење преку однапред платени портали. Дел од фалсификатите кои неуспешно пробаа да се протнат во јавноста беа толку очајни што беа дури со полош убедителен тон од оние на познатите нигерски емал измамници.

А што правеле службите во меѓувреме додека се пресметувале со ВМРО?

Правеле пари од уцени, закани и рекет на бузнисмени како и пари од давање позитивни мислења, за државјанства како оние на контроверзните турски и руски бизнисмени Пекер и Онишченко.

Денеска откако се разоткриени за сите монструозни монтажи и злодела кои ги приредиле на десетици политичари, обвинители, новинари и чесни и професионални македонски патриоти, ќе се обидуваат на секој начин тие нивни злодела да ги прикријат под некакви релативизирања, помирувања или налози за тоа “од надвор”. Не!

Оваа монструозна злоупотреба мора да заврши со одговорност во суд, на сите оние кои со години се изживувале врз секој што застапувал и верувал во чесни, слободни и родољубиви идеи. Сè поинаку би било почутичко самоубиство и садомазохистички пораз од истиве структури кои со години го оцрнувале секој искрен и посветен истакнат член на македонското општество.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче за случајот АНБ: Наместо лов на вештерки, темелна истрага и декласификација
Следна Статија Донарума ќе го брани голот на Манчестер сити

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ристовски: Министерството за спорт не е организатор на ЕМОФ 2025, но правиме сѐ што е во наша моќ за да помогнеме

Министерството за спорт не е организатор на Европскиот младински олимписки фестивал ЕМОФ 2025, ораганизатори на овој спортски фестивал што се…

July 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Протестите за шумата над Љубојно се проширија и во Ресен

Мештаните на преспанското село Љубојно подготвуваат да ги тужат сите инволвирани во сечата на коријата над селото или, како што…

August 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЕУ го избугари извештајот на ЕП за Македонија

Ни вековен ни модерен. Македонскиот јазик едноставно исечезна од извештајот за напредокот на Македонија. Ова е уште еден срам за ЕУ кој…

July 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски изрази сочувство за трагедијата во Цетиње

Премиерот Христијан Мицкоски изрази сочувство по нападот во Црна Гора, во кој 12 лица ги загубија животите и четири се…

January 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?