Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ана и Игор Дурловски со Новогодишен концерт во МОБ ќе одбележат 25 години уметничка дејност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Ана и Игор Дурловски со Новогодишен концерт во МОБ ќе одбележат 25 години уметничка дејност
ЗАБАВА

Ана и Игор Дурловски со Новогодишен концерт во МОБ ќе одбележат 25 години уметничка дејност

Објавено November 10, 2025 10:26
Сподели
Сподели

По настапите во Осака и Виена, истакнатите македонски оперски уметници АнаиИгорДурловски ќе го одбележат 25-годишниот јубилеј на уметничката сцена со свечен новогодишен концерт во Националната опера балет.   Под диригентство на Ана Спасовска и во придружба на симфонискиоторкестар „Ајга“, концертот ќе донесе избор од најубавите македонски љубовни песни, во нови аранжмани на композиторот Сони Петровски.

Ана Дурловски
Ана Дурловски е сопран со блескава меѓународна кариера и настапи на најпрестижните европски и светски оперски сцени. Дипломирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а потоа ја гради својата кариера во Германија, каде станува член на ансамблот на Штутгартската опера. Таа ја изведувала култната улога на Кралицата на ноќта од Моцартовата „Волшебна флејта“ повеќе од 250 пати, меѓу другото и на сцените на Виенската државна опера, Берлинската државна опера, Операта во Базел и Мајнц.

Настапувала под палка на големи диригенти како Николаус Харнонкурт, Манфред Хонек и Конрад Јунгхенел, а нејзините изведби се документирани за германската телевизија ZDF и радиото SWR. Добитничка е на бројни признанија, меѓу кои германската награда „Deutsche Schallplattenkritik Award“ за најдобра оперска изведба, а е и редовен гостин на оперските фестивали во Линц, Грац и Лајпциг.

Игор Дурловски
Игор Дурловски е бас, долгогодишен оперски солист со меѓународна репутација. Дипломирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а својата кариера ја започнал во 1999 година со улогата на Колин во „Боеми“ на Пучини. Настапувал во повеќе европски земји, меѓу кои Италија, Германија, Австрија, Полска, Бугарија и Јапонија, со улоги како Мефистофел, Дон Базилио, Зарастро и Командаторот, со кои оставил силен впечаток кај критиката и публиката.

Покрај оперската, има богата концертна и камерна активност, со изведби на дела од македонски и светски автори. Добитник е на наградата „Георги Божиков“ за најуспешна изведба на дело од македонски композитор и на повеќе признанија за придонес кон културата и уметноста.

Билетите за новогодишниот концерт се достапни на билетарницата на Македонската опера и балет, во книжарниците Литература.МК и онлајн на www.mktickets.mk.

ПрославетејаљубовтаимузикатасоАнаиИгорДурловски.
Еден јубилеј, една вечер, една приказна – во знакот на македонската песна.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Девизните резерви во октомври зголемени за 120,5 милиони евра
Следна Статија Анкета: Младите во Македонија поделени околу европската перспектива на земјата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Редок јагуар повторно забележан во планините на Хондурас

По повеќе од 10 години без ниту една трага, редок вид јагуар повторно е забележан во планинскиот венец Сиера дел…

April 14, 2026
ЗАБАВА

Крвните Гаврани не се сами во нов трејлер за приказната на Warhammer 40,000: Dawn of War IV

Зајакнувачите се на пат.

December 6, 2025
ЗАБАВА

Овие автомобили најмалку се расипуваат

Германското списание за автомобили, „Ауто билд“ (Auto Bild), по долгорочни, повеќегодишни тестови на возила коишто траат до 100.000 минати километри,…

March 24, 2026
ЗАБАВА

СВ.ВАЛЕНТИН: Дали знаете зошто се прославува Денот на вљубените?

Секоја година на 14.февруари се празнува Св.Валентин. Тоа е ден кога и изразуваме љубов на саканата личност, но знаете ли…

February 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?