Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: АНБ доставиле три известувања до Обвинителство за еден поранешен директор и група вработени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > АНБ доставиле три известувања до Обвинителство за еден поранешен директор и група вработени
МАКЕДОНИЈА

АНБ доставиле три известувања до Обвинителство за еден поранешен директор и група вработени

Објавено August 29, 2025 17:40
Сподели
Сподели

Агенцијата за национална безбедност (АНБ) доставила три известувања до Јавното обвинителство за еден поранешен директор и група вработени во АНБ поради индиции за незаконско, непрофесионално и неетичко постапување. Известувањата, како што велат од АНБ, се резултат на внатрешна истрага спроведена по смената на власта во 2024 г., а се однесуваат на постапувања во периодот од 2019 до 2024 г.

Внатрешната истрага довела до сознанија за оформување предмети за оперативни обработки на опозицијата, лидер на опозициска партија и група новинари и медиуми чија цел, според предметот, била уривање на власта. Цел на друга обработка, меѓу другото, биле јавен обвинител и министер во тогашната влада. Било утврдено и намерно одолговлекување на безбедносни проверки, на пример, за еден пратеник на тогашната опозиција, во постапка за добивање безбедносен сертификат. Истрагата на АНБ утврдила дека во овие случаи противправно биле користени материјално-техничките ресурси на Агенцијата, а незаконски се спроведувало и следење на комуникациите.

Известувањата до Обвинителството, велат од АНБ, биле испратени пред околу еден месец.

Актуелен директор на АНБ е Бојан Христовски, а во посочениот период со Агенцијата раководеа Виктор Димовски и Заре Милошевски

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Првпат по десет години, три милиони невработени во Германија
Следна Статија Експерти ќе им помагаат на руралните општини – Владата формира Ресурсен центар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Савески: Јавувањето од премиерот не гледам дека ми се удри од глава, немаше ниту еден збор од него што го почувствував како притисок

Тоа што открив дека премиерот ми се јави да се запознае за предметот за мазутот не гледам дека ми се…

June 17, 2026
МАКЕДОНИЈА

Николоски од Кавадарци: До нов граничен премин со Грција преку реконструираниот пат од Мушов Гроб кон Конопиште

Со голем проект преку Јавното претпријатие за државни патишта, се реконструира патот од Мушов гроб кон село Конопиште, што треба…

September 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Од денес пуштен во употреба магистралниот пат Охрид-Св.Наум, најави Владата

Македонија се гради. Денес официјално ќе биде пуштен во употреба магистралниот пат Охрид-Св.Наум во должина од 24,3 километри, најавуваат од…

June 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Од 5 јули побрзо поминување граница со Србија

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска најави дека на 5 јули се очекува официјално да биде пуштен во употреба…

June 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?