Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Експерти ќе им помагаат на руралните општини – Владата формира Ресурсен центар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Експерти ќе им помагаат на руралните општини – Владата формира Ресурсен центар
МАКЕДОНИЈА

Експерти ќе им помагаат на руралните општини – Владата формира Ресурсен центар

Објавено August 29, 2025 17:41
Сподели
Сподели

Министерството за локална самоуправа ќе формира ресурсен центар составен од различни експерти, за да им помогне на руралните општини кои немаат доволно човечки ресурси. Министерот Златко Перински изјави дека овој експертски тим ќе се ангажира во неколку области каде што има недостиг од вработени за извршување на административни и технички услуги за граѓаните.

„Ова ќе биде тело што ќе започне да се интегрира врз основа на проекти и потоа ќе го анализираме во рамките на Министерството за локална самоуправа. Една од активностите на ресурсниот центар ќе биде можноста општините, во зависност од своите ресурси и надлежности, да побараат помош и поддршка од експерти за надминување на проблеми во моменти кога немаат човечки капацитет за тоа“, изјави Златко Перински, министер за локална самоуправа.

Перински објасни дека центарот е формиран на барање на општините, кои немаат доволно човечки ресурси, па овој тим ќе одговара на дневна основа на техничките и административните барања на граѓаните кои не можат да се исполнат од постојниот општински кадар.

„Во изминатиот период се соочивме со проблем кој најмногу се јавуваше во малите рурални општини. Нема да кажам која, но имаше општина што не можеше да го изготви буџетот за следната година, бидејќи во тој момент немаше соодветен кадар. Единствениот вработен што го имаа беше отсутен поради боледување или други причини, не се сеќавам точно, и тука требаше ние да интервенираме преку испраќање експерти за да помогнеме во општинската администрација за надминување на тие предизвици“, изјави Златко Перински, министер за локална самоуправа.

Перински рече дека центарот треба да се замисли како институционален механизам, кој ќе овозможи долгорочна, одржлива и стручна поддршка за општините.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија АНБ доставиле три известувања до Обвинителство за еден поранешен директор и група вработени
Следна Статија Само два хороскопски знаци имаат благослов од Бог- сѐ им оди од рака

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Јаневска за РСЕ: Образованието заслужува единица, нерегуларности на универзитетите во Тетово, Струга, Охрид…

На Тетовскиот универзитет утврден е нелегален избор на двајца наставници, нерегуларности има и на „Апостол Павле“ и во Струга, открива…

November 3, 2024
МАКЕДОНИЈА

Експертите очекуваат оставка од претседателката на Антикорупциска

Претседателката на Антикорупциската комисија Татјана Димитровска која е осомничена за оддавање службена тајна на друг осомничен во случајот „Адитив“ нема…

April 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Димовски: Потребна ни е сплотеност за подобра иднина на државата

Суштината на овој празник се љубовта и надежта, а тоа е она што нам ни е потребно, нагласи денеска во…

April 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонија има двојно помалку пожарникари од законски предвидените, не постои тренинг центар, возилата се стари по 50 години

Во моментов во земјава имаме помалку од 400 пожарникари во сите единици на противпожарна заштита, иако согласно закон бројот треба…

June 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?