Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Агелер: Честитки до Шеќеринска, идниот заменик-генерален секретар на НАТО и до премиерот Мицкоски и Владата што ја поддржаа нејзината кандидатура
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Агелер: Честитки до Шеќеринска, идниот заменик-генерален секретар на НАТО и до премиерот Мицкоски и Владата што ја поддржаа нејзината кандидатура
МАКЕДОНИЈА

Агелер: Честитки до Шеќеринска, идниот заменик-генерален секретар на НАТО и до премиерот Мицкоски и Владата што ја поддржаа нејзината кандидатура

Објавено November 19, 2024 17:00
Сподели
Сподели

Американската амбасадорка Анџела Агелер упати честитка за изборот на Радмила Шеќеринска за заменик генерален секретар на НАТО.

Честитки до Радмила Шеќеринска идниот заменик-генерален секретар на НАТО, како и до премиерот Христијан Мицкоски и за Владата на Македонија што ја поддржаа нејзината кандидатура. Моќен доказ за стручноста и искуството на Шекеринска и на улогата на Македонија како ценет сојузник на НАТО и партнер на САД, напиша Агелер на мрежата Х.

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте одлучи да ја назначи Радмила Шекеринска за негова идна заменичка.

Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар. Таа вистински верува во НАТО, знае каква работа е потребна за приклучување во НАТО и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа штом ја презема оваа витална улога, наведува Руте во соопштението објавено на веб страницата на Алијансата.

Се посочува и дека Радмила Шекеринска претходно беше вицепремиер за европски интеграции и министер за одбрана на Македонија, вклучително и пред влезот на земјата во НАТО во 2020 година.

Шекеринска треба да ја преземе функцијата заменик генерален секретар на НАТО до крајот на годинава.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Жртви на врсничко насилство најчесто се послабите и повлечените деца, насилници пријавени и помеѓу второ- и третоодделенците
Следна Статија Грците прокоцкале 15 милијарди евра во криптовалути!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Нашата политика е дипломатија во којашто ќе ги браниме интересите на нашите граѓани и држава

Пораката од Берлин е дека Германија останува наш силен поддржувач, наш сојузник и партнер во евроинтеграциите, порача премиерот Христијан Мицкоски.…

October 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

Орце Ѓорѓиевски е кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одлучи Орце Ѓорѓиевски да биде кандидат за градоначалник на Градот Скопје од ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,…

July 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Тешко се докажуваат случаите со купени дипломи

Тоа е една многу сериозна ситуација, кога низ целата држава се зборува дека на одредени универзитети или факултети, без оглед…

January 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јакимовски сѐ уште не ја добил пресудата, но му ја врачиле поканата за во затвор

Во четвртокот на поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски му била врачена поканата за во затвор, но сѐ уште не…

June 13, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?