Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Жртви на врсничко насилство најчесто се послабите и повлечените деца, насилници пријавени и помеѓу второ- и третоодделенците
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Жртви на врсничко насилство најчесто се послабите и повлечените деца, насилници пријавени и помеѓу второ- и третоодделенците
МАКЕДОНИЈА

Жртви на врсничко насилство најчесто се послабите и повлечените деца, насилници пријавени и помеѓу второ- и третоодделенците

Објавено November 19, 2024 16:40
Сподели
Сподели

Во пресрет на 20 ноември, Светскиот ден на детето, Народниот правобранител најави кампања за подигање на свеста за заштита на децата од врсничко насилство, со поддршка на проектот на ЕУ преку владеење на правото.

Васка Бајрамовска-Мустафа, државен советник во канцеларијата на Народниот правобранител, по тој повод изјави дека врсничкото насилство особено е присутно во основните и средните училишта, но и надвор од нив, во парковите.

„Во институцијатата Народен правобранител бројот на претставки повторно се движи околу 30, најчесто за физичко насилство, но нашите посети во училиштата покажуваат дека, за жал, ние, сè уште не ги препознаваме другите облици на насилство“, рече Бајрамовска-Мустафа.

Според податоците со кои располагаат, најголем број од повредите се случуваат во основното образование, а помалку во средното. Насилство има на многу мала возраст, кај деца од второ, трето одделение, што укажува на сериозноста на проблемот.

Истражувањата покажуваат дека насилството многу често се користи како алактка за прикажување моќ од страна на децата и речиси секогаш жртви се или послабите деца или оние што се повеќе повлечени, децата со попреченост, но и децата што потекнуваат од сиромашни или неедуцирани семејства.

Нагласи дека треба да се вложи многу во промена и потребни се средства од секаков аспект: финансиски, киадровски, доедуцирање за препознавање на насилството, а неопхони се и разговори за другарување, сочувство, учење за толеранција и почитување на различностите. Целта на кампањата е да ја испрати оваа порака до родителите, наставниците, медиумите и другите општетствени фактори.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Maкедонските репрезентативци ќе добијат премија од 600.000 евра
Следна Статија Агелер: Честитки до Шеќеринска, идниот заменик-генерален секретар на НАТО и до премиерот Мицкоски и Владата што ја поддржаа нејзината кандидатура

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Армијата доби оклопни возила „страјкер“ набавени од САД

Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска беа претставени 17 нови лесни оклопни возила „страјкер“, набавени од САД како дел…

March 25, 2026
МАКЕДОНИЈА

АХВ: Градоначалникот на Кочани глумејќи инспектор ја оцрнува нашата стручност

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро го осудува обидот на в.д градоначалникот на Општина Кочани, Венко Крстевски, за оцрнување…

June 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Вилијам Секл и Јовче Ременски го наместиле и „Кралот на местенките“ Христијан Илиевски од Хрватска со лажни дојави од АНБ

Жртва на лаги и на измислици во извештаите на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), за кои бруи јавноста по обелоденувањето…

September 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски учествуваше на првата сесија од „Берлинскиот процес”

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски учествуваше на првата сесија од „Берлинскиот процес” посветен на регионалната соработка и заедничкиот регионален…

October 14, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?