Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска-Давкова со божиќна честитка: Да ги отвориме срцата и да го градиме доброто на заедницата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска-Давкова со божиќна честитка: Да ги отвориме срцата и да го градиме доброто на заедницата
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова со божиќна честитка: Да ги отвориме срцата и да го градиме доброто на заедницата

Објавено January 7, 2026 11:51
Сподели
Сподели

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Божиќ упати честитка до граѓаните кои го прославуваат Христовото раѓање, како и до поглаварите на верските заедници.

Честитката е упатена до архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан, како и до претседателот на Црковното претставништво на Евангелско-методистичката црква, Емил Заев.

Во пораката, Сиљановска-Давкова наведува дека со особена чест и голема почит го честита празникот Рождество Христово – Божиќ, денот на раѓањето на Богомладенецот и Спасителот на светот, во кого, како што посочува, се сплотиле и се лицетвориле во совршено единство божествената и човековата природа.

Претседателката од срце посакува мирот божји да го завладее секој православен дом, исполнувајќи го со божјите добродетели, истакнувајќи дека Рождеството Христово, и по повеќе од два милениума, продолжува да вдахновува со неизмерна љубов, бесконечна добрина, хармонија и мир.

Во честитката се нагласува дека божиќните празници нè потсетуваат на важноста од безусловна помош, поддршка и утеха за сите на кои тие им се потребни, како и на човековата насушна потреба од чинењето добри дела.

„Да му се радуваме на животот и да придонесуваме за доброто на заедницата. Да ги отвориме ширум нашите срца за сите ближни, та, така сплотени во соборноста, да ја креираме и градиме благосостојбата на македонското општество“, се наведува во честитката.

Претседателката ја завршува пораката со традиционалниот божиќен поздрав: „Христос се роди!“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија AMD лансира нов Ryzen 7 9850X3D – врвен процесор за видео игри
Следна Статија АМД ги претставува новите процесори за AI персонални компјутери за општа употреба и игри на CES

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

На денешен ден погина Сашко Гешовски, првата жртва на распадот на Југославија

На денешен ден во Сплит, пред зградата Банoвина, тогашно седиште на командата на Југословенската воено-поморска област, се одржа протест на…

May 6, 2026
МАКЕДОНИЈА

Платите на судиите денеска на седница на Уставниот суд

Уставниот суд на Република Македонија денеска ќе ја одржи 28-та и последна седница за 2025 година, на која ќе бидат…

December 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Полиција и обвинителство спроведуваат претреси во повеќе градови

Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, полициски екипи денеска спроведуваат претреси на повеќе локации во Скопје, Куманово и други…

November 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Клековски: Нема да поднесам оставка, СДСМ е последниот што може да бара одговорност

Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) Сашо Клековски вечерва изјави дека нема да поднесе оставка на барањата на СДСМ…

January 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?