Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ангеловска-Бежоска: Според ЕБРД, Извештајот има прогрес, но и потреба од зајакнување на структурните реформи за повисок животен стандард
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ангеловска-Бежоска: Според ЕБРД, Извештајот има прогрес, но и потреба од зајакнување на структурните реформи за повисок животен стандард
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска: Според ЕБРД, Извештајот има прогрес, но и потреба од зајакнување на структурните реформи за повисок животен стандард

Објавено May 20, 2025 10:30
Сподели
Сподели

Квалитетот на транзиција на нашата земја е над просекот на земјите од Западен Балкан со оценка 5,6 од можни 10, покажува Извештајот за транзиција (2024 – 2025) на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), на чијашто презентација се обратија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и шефот на Канцеларијата на ЕБОР во земјава, Фатих Туркменоглу.

Во своето воведно обраќање, гувернерката истакна дека процесот на спроведување на структурните реформи во нашата земја е обележан и со достигнувања и со предизвици.

„Најновиот Извештај на ЕБОР ни дава јасна слика за тоа каде се наоѓаме на патот кон постигнување одржлива пазарна економија во моментов. Најниските оценки се забележани во делот на конкурентноста, отпорноста и доброто владеење, што укажува, меѓу другото, на потребата од подлабоки реформи за зајакнување на продуктивноста, унапредување на вештините, зголемување на учеството во глобалните синџири на вредности и подобрување на деловното окружување, особено за малите и средните претпријатија. Од друга страна, нашата земја има прилично висока оценка во делот на интеграцијата, што ја одразува високата отвореност за трговија (130% од БДП) и инвестиции и релативно повисоко ниво на ИКТ-инфраструктурата. Во однос на продуктивноста, како клучен столб на долгорочниот раст, јазот сè уште е голем, при што нашата продуктивност е околу половина од просекот на ЕУ“, истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска.

Таа, исто така, дополни дека структурните реформи се континуиран процес. Како пример за структурни промени кај нас таа го посочи влезот на странските компании во слободните економски зони, коишто одиграа позитивна улога во привлекувањето странски компании, создавањето работни места и зголемувањето на продуктивноста во македонската економија. Компаниите во зоните привлекоа над 1 милијарда евра директни странски инвестиции во последната деценија, што претставува околу 50% од вкупниот извоз и се едни од најпродуктивните компании во земјата. Зголемувањето на продуктивноста бара и поттикнување на дигитализацијата и иновациите. Имено, индексот за дигитализација на ЕБОР покажува дека остварувањето на нашата земја е 59% во делот на дигиталните предуслови и 48% во делот на фактичката употреба на дигиталните технологии, резултати коишто, иако се блиску до регионалниот просек, сè уште се далеку од границата од 100. „Пристапот до финансирање, исто така, е значаен фактор на поддршка, и во овој контекст важно е да се нагласи солидната кредитна поддршка на компаниите, за што придонес имаат и мерките на нашата политика насочени кон зајакнување на отпорноста и стабилноста на банкарскиот систем“, истакна Ангеловска-Бежоска.

„ Македонија направи импресивни чекори во својата зелена транзиција, развојот на инфраструктурата и унапредување на пристапот до финансии за деловните субјекти и поединците. Овие достигнувања ја одразуваат силата на нашите партнерства со локалните чинители, донаторите и приватниот сектор. Ново усвоената Стратегија на ЕБОР за земјата за 2025 – 2030 година се темели врз овој напредок, со јасни приоритети околу регионалната интеграција, одржливата инфраструктура и поттикнувањето на поконкурентна и инклузивна економија. Како што е наведено во Извештајот за транзиција на ЕБОР за 2024 -2025 година, „Управување на индустриската политика“, индустриската политика може да одигра клучна улога во обликувањето на долгорочната конкурентност и отпорност на земјата. Нашето инвестирање во Македонија е насочено кон создавање значајни можности што ќе ги охрабрат граѓаните да ја градат својата иднина дома – поддржувајќи инклузивен раст и помагајќи во справувањето со демографските предизвици. Оптимист сум за патот што претстои и посветен сум на остварување на уште поголемо влијание во наредните години“, истакна Туркменоглу, шефот на Канцеларијата на ЕБОР во земјава.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Собранието ги констатира оставките на министерот Таравари и двајца заменици министри
Следна Статија Трагедија во Струмица, пронајден починат матурант

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Идните акции се стабилни по зголемување на пазарите додека очекувањата за намалување на каматните стапки јакнат

Инвеститорите ги толкуваа средата ADP podatоците како сигнал дека Федералната резерва може да биде поволно расположена за намалување на каматните…

December 5, 2025
ЕКОНОМИЈА

Земјоделски здруженија и тутунари не се согласуваат со измените во Законот за тутун

Забраната на увоз на суров необработен тутун во периодот на откупот на тутунот во нашата држава со ништо нема да…

August 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Божиновска-Ванделт: Германските компании заинтересирани за инвестирање во зелени проекти во Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска се сретна со претставници на Германската стопанска комора (AHK Северна…

January 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

„Визер“ почнува со продажба на билетите за новите авиолинии до Барселона, Лион и Штутгарт

Авиокомпанијата „Визер“ денеска објави дека почнува со продажба на билети за трите нови авиолинии од Меѓународниот аеродром Скопје до Барселона,…

December 17, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?