Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трагедија во Струмица, пронајден починат матурант
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Трагедија во Струмица, пронајден починат матурант
ХРОНИКА

Трагедија во Струмица, пронајден починат матурант

Објавено May 20, 2025 10:32
Сподели
Сподели

Вчера околу 12 часот на влезот во Струмица, на локација позади складот за дрва на Шумското стопанство „Беласица“, на место „Крива река“, бил пронајден починат М.А. (19), матурант во едно од струмичките средни училишта.

Според обвинителката Виолета Милчовска, телото на момчето било предадено на обдукција и од досегашните наоди нема знаци на насилство и се чекаат токсиколошките анализи за да имаат појасна слика за причините за смртта.

И од полицијата потврдуваат дека вчера околу 12 часот било пријавено дека во близина на Струмица, на необработена нива, било пронајдено безживотно тело на 19 годишно момче од Струмица.

– Лекар констатирал смрт, а увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица. По наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција, се наведува во информацијата од СВР Струмица.

Засега не се соопштуваат повеќе детали за смртта на момчето и како тоа завршило на локацијата каде бил пронајден.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ангеловска-Бежоска: Според ЕБРД, Извештајот има прогрес, но и потреба од зајакнување на структурните реформи за повисок животен стандард
Следна Статија ЕУ бара прекуатлантско трговско примирје откако царините ја притиснаа автомобилската индустрија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Три жени пронајдени починати во одвоени случаи

Три жени биле пронајдени починати во текот на вчерашниот ден. Два случаи се во Аеродром, а еден во скопско Средно…

December 27, 2024
ХРОНИКА

Taткото на Фросина: Неказнивоста доведе лузер по сите редови и мерила да убива бисер од дете

На протест во Неготино, родниот град на 22-годишната Фросина Кулакова што завчера беше прегазена на бул. „Партизански одреди“ во Скопје,…

January 31, 2025
ХРОНИКА

Пет деца само годинава се обиделе да се самоубијат, Меѓаши бележи пораст на нарушено ментално здравје

Пет деца годинава се обиделе да се самоубијат поради страв, вознемиреност и гнев. Три вакви обиди имало минатата година. Малолетниците…

April 24, 2025
ХРОНИКА

Обвинителството ја запре постапката против починатиот управител на „Пулс“

Основното јавно обвинителство Кочани ја запира постапката против Александар Карадакоски, кој денеска почина по повредите добиени во пожарот во дискотеката…

April 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?