Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јанев по апсењето на Лазаров: Правдата стигнува, законот важи за сите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Јанев по апсењето на Лазаров: Правдата стигнува, законот важи за сите
ХРОНИКА

Јанев по апсењето на Лазаров: Правдата стигнува, законот важи за сите

Објавено July 15, 2026 16:30
Сподели
Сподели

Лицето кое минатиот петок успеа да им побегне на полицајците во Кочани е лоцирано и уапсено во Скопје. По неколкудневна потрага, бегалецот синоќа е повторно лишен од слобода, но со тоа не се затвора случајот за МВР.

Првиот човек на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Александар Јанев, веднаш по апсењето испрати остра порака до јавноста. Тој потенцираше дека и покрај тоа што бегалецот е зад решетки, во полицијата веќе е отворена внатрешна истрага за да се лоцира одговорноста за срамниот пропуст.

Јанев преку социјалните мрежи ја потврди акцијата и децидно порача дека никој во системот нема да биде заштитен за невниманието.

„Законот важи за сите – правдата стигнува, а одговорност ќе има за секој пропуст. Синоќа беше детектиран, лоциран и лишен од слобода бегалецот од Кочани. По интензивна потрага, лицето кое во петокот побегна од просториите на Полициската станица Кочани е пронајдено и приведено во Скопје.“

Наместо да го сокрие пропустот зад успешното апсење, директорот на БЈБ најави дека внатрешната контрола на МВР веќе работи на случајот за да се утврди кој полицаец потфрлил во Кочани.

„Истовремено, сакам јасно да порачам дека со пронаоѓањето на бегалецот не завршува и нашата обврска за целосно расчистување на случајот. Внатрешната истрага продолжува и секој што со постапување или непостапување придонел за овој настан ќе сноси одговорност согласно закон и утврдените процедури. Должни сме да бидеме отчетни, транспарентни и да постапуваме со интегритет. Без разлика што лицето е повторно лишено од слобода, пропустите мора да бидат утврдени, а одговорност мора да има.“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Задоволен сум од динамиката за меѓудржавниот пат од Тетово до Призрен, наскоро и автопат од Букојчани до Кичево
Следна Статија Уапсени две кумановки откако измамиле 19 лица и во нивно име подигнале брзи кредити

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Во стан во Велес пронајден мртов маж

Шеесет и шест годишниот Т.Б од Велес вчера бил пронајден починат во неговиот дом. Лекар од Итна медицинска помош констатирал…

July 31, 2025
ХРОНИКА

Ја будел со вода за да продолжи да ја тепа бремената партнерка- Насилник од Свети Николе доби една година затвор

Основниот суд во Свети Николе изрече едногодишна затворска казна за 21-годишен маж од селото Сарамзалино, кој брутално ја претепал својата…

March 18, 2026
ХРОНИКА

Од септември ново покачување на пензиите

Од септември ќе има повторно покачување на пензиите, но се уште, не сме разговарале за тоа дали ќе биде линеарно…

June 19, 2025
ХРОНИКА

Пет и пол години затвор за охриѓанец кој измамил пензионери за 56 000 евра

Пет години и шест месеци е изречената затворска казна за П.С од Охрид, кој во јануари годинава успеал да измами…

May 20, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?