Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Уапсени две кумановки откако измамиле 19 лица и во нивно име подигнале брзи кредити
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Уапсени две кумановки откако измамиле 19 лица и во нивно име подигнале брзи кредити
ХРОНИКА

Уапсени две кумановки откако измамиле 19 лица и во нивно име подигнале брзи кредити

Објавено July 15, 2026 16:40
Сподели
Сподели

Полициски службеници од СВР Куманово денеска ги лишиле од слобода 22-годишната А.С.Д. и 34-годишната М.В., двете од Куманово, поради сомнение дека со злоупотреба на лични податоци земале брзи потрошувачки кредити во име на 19 лица и се стекнале со противправна имотна корист од 10.820.000 денари.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека против А.С.Д. е поднесена кривична пријава за кривичните дела „измама“ и „злоупотреба на лични податоци“, додека против М.В. е поднесена пријава за „помагање“.

Според истрагата, првоосомничената во периодот од јануари до јули годинава, со однапред подготвен план и со намера да прибави противправна имотна корист за себе и за второосомничената, во 19 наврати ги довела во заблуда оштетените лица.

Без нивна согласност и овластување, таа ги користела нивните лични податоци за да аплицира за брзи потрошувачки кредити. По одобрувањето и исплатата на средствата, парите биле противправно присвојувани од двете осомничени.

Според МВР, второосомничената постапувала по претходен договор и ѝ помагала на првоосомничената во реализацијата на измамата, преземајќи дејствија што овозможиле успешно извршување на кривичните дела.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јанев по апсењето на Лазаров: Правдата стигнува, законот важи за сите
Следна Статија Тешко повреденa велешанка, по удар од автомобил

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Кривична за поранешниот градоначалник на Струмица и уште пет лица

Полицијата поднесе кривична против поранешниот градоначалник на Општина Струмица Костадин Костадинов и уште пет лица за злоупотреба на постапка за…

December 4, 2025
ХРОНИКА

Не ја турнал од балконот, но ја навел на трагичен исход: Обвинителството бара максимална казна за Стојанче Јовановски

Обвинителката Адела Бојчевиќ во завршните зборови побара максимална казна за Стојане Јовановски, кој се товари за три кривични дела поврзани…

April 28, 2026
ХРОНИКА

Андреј и Сара од ДНК ќе бидат погребани утре во Скопје

Андреја Ѓоргиевски и Сара Пројовска  ќе бидат погребани утре во Скопје.  - Погребот на нашата драга и сакана, непребол, вонреден професор…

March 19, 2025
ХРОНИКА

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелациониот суд Скопје ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години. Јованов беше првостепено осуден на 12 години…

December 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?