Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ангеловска-Бежоска: Финансиската вклученост на жените – клучен фактор за економски напредок
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ангеловска-Бежоска: Финансиската вклученост на жените – клучен фактор за економски напредок
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска: Финансиската вклученост на жените – клучен фактор за економски напредок

Објавено March 10, 2025 19:05
Сподели
Сподели

„Родовата нееднаквост е едно од светските прашања за кои мора постојано да се зборува и да се преземаат активности. Според истражувањата на Светската банка, иако во последната деценија има одреден напредок, родовиот јаз кај сопственоста на сметките во економиите во развој и натаму е значителен“, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за веб-порталот „Пари.мк“. Во 2021 година, разликата во поседувањето платежни сметки меѓу мажите и жените на светско ниво се намалила на 6 процентни поени, но сè уште има поголема веројатност дека жените ќе располагаат со неактивни сметки и ќе имаат помал пристап до финансиски услуги.

Слична е состојбата и во нашата земја. Иако е забележано подобрување, родовиот јаз во пристапот до финансии сè уште постои. Според последните податоци, во 2021 година, 79,9% од жените и 90,6% од мажите во Северна Македонија поседувале платежна сметка. Овој родов јаз од 10,7 процентни поени е значително поголем од просекот во Европа и Централна Азија, каде што изнесува 3,2 процентни поена.

„Овие податоци не се само статистика – тие се јасен показател дека е неопходно да се преземат натамошни мерки за подобрување на финансиската вклученост на жените. Пристапот до финансии е од големо значење за нивната економска независност, подобро управување со личните и семејните финансии, како и за создавање посигурна иднина“, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.

Пристапот до финансиски услуги создава можности за претприемаштво, инвестирање и активно учество во економијата. Достапноста до банкарски услуги, кредити и штедење придонесува за намалување на економските разлики и создавање подобри услови за живот на жените и нивните заедници. Исто така, родовата рамноправност во финансискиот сектор носи придобивки како за жените, така и за општеството во целост, преку поттикнување на економскиот раст и напредок.

„За да се надмине овој предизвик, треба да се направат промени во корпоративните политики, да се зголеми заложбата за финансиско образование и да се поттикне поголема застапеност на жените во лидерски улоги. Жените сè повеќе го освојуваат финансискиот свет, но за вистинска еднаквост е неопходно системско справување со препреките поради кои долги години биле на маргините“, додаде гувернерката Ангеловска-Бежоска.

Народната банка и натаму ќе се залага за политиките што ќе придонесат кон унапредување на финансиската вклученост на жените, како дел од пошироките напори за создавање одржлив и инклузивен економски развој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Mицкоски на ифтарска вечера
Следна Статија Во Газа се жедни за вода

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Поскапуваат дизел горивата

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ се зголемуваат…

February 27, 2026
ЕКОНОМИЈА

САД ќе ја продолжат предноста во продуктивноста врз основа на АИ бумот, велат економисти

Анкетата на FT покажува дека доминацијата на Америка во области како технологијата не се очекува да се промени наскоро

January 5, 2026
ЕКОНОМИЈА

Средба на гувернерот Славески со претседателот на Федералните резерви на САД, Џером Пауел

Во рамките на 95-тото генерално собрание на Банката за меѓународни порамнувања (БИС) во Базел, Швајцарија, гувернерот на Народната банка, д-р…

June 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Бројот на производи во „Новогодишната кошница“ достигна 1036, расте интересот на компаниите да се приклучат во акцијата – граѓаните да пријават забелешки!

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши заедно со заменик министерот Марјан Ристески и директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко…

December 16, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?