Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриеска-Кочоска: Нашата економија е стабилна и многу отпорна
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Димитриеска-Кочоска: Нашата економија е стабилна и многу отпорна
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Нашата економија е стабилна и многу отпорна

Објавено March 6, 2026 14:10
Сподели
Сподели

Со промената на власта се подобри и економијата – во првите два квартала од 2024 просечниот раст на БДП беше 2,3 отсто, а во следните два кваратала 3,6 проценти. Не случајно го кажувам ова. Ние во последниот квартал имавме раст од 3,8 отсто, односно два квартала по ред 3,8 отсто, што покажува дека со промената на власта економијата очекува позитивни сигнали од Владата. Тоа се потврдува во овие повеќе од година и половина со фактот дека последниот квартал имаме 3,8 отсто раст, што е повеќе од просечниот раст што сме го имале во првите два квартала од промената на власта, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на панелот „Раст на економијата – економска сигурност на граѓаните“ што се одржува во Владата.

Димитриеска-Кочоска напомена дека за целиот период на претходната власт просечниот раст на БДП беше 1,9 отсто, а во десетте години владеење на ВМРО-ДПМНЕ изнесуваше 3,2 отсто.

-Македонските компании функционираат во услови на глобална неизвеснот која во речиси сите европски земји создава надолни резултати кога станува збор за БДП. Имаме и економски партнери што влегуваат во минус, а нашата економија покажа дека е стабилна и многу отпорна, жилава на глобалните предизвици, оцени министерката.

Според неа, клучот што ги промени економнските текови и ги подобри резултатите е унгарската кредитна линија што ја зема Владата.

– Бројките зборуваат дека унгарската линија е земена во прав момент. Приватниот сектор доби кредити по многу поволни услови, 224 милиони евра се комплетно повлечени и тоа е она што е инвестирано, тие инвестиции успеаја да ја одржат економијата и да додадат вредност со што ги остваруваме стапките на раст. Вториот клулен момент со промената на власта е тоа што во континуитет корпоративните кредити бележат раст од 15 отсто, потенцира Димитриеска-Кочоска.

На панел дискусијата учестуваат и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, како и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Markets begin to react as Trump’s attack on Iran risks hitting American pocketbooks – The Washington Post
Следна Статија US LNG producers rush to seize on surging gas prices triggered by Iran conflict – Financial Times

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски задоволен од постигнатиот конзенсус меѓу Софија и Скопје за изградбата на пругата од Коридорот 8

Премиерот, Христијан Мицкоски средбата во Брисел меѓу двете делегации на Македонија и на Бугарија за доизградба на железничката пруга од…

July 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Од 1 јули намалување и целосно усогласување на царинските стапки со ЕУ за 70 суровини и репроматеријали

Владата го усвои Предлогот за измена на Законот за царинска тарифа, со кој се врши дополнително намалување на царинските стапки…

May 29, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Стратешкото партнерство носи бенефит за граѓаните-модернизација на железницата од Коридорот 10 и проекти во здравството

Првата причина е стратешка и политичка. Колку повеќе стратешки договори и вакви партнерства имаме со големи и значајни светски фактори,…

May 19, 2025
BlogЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

Арсовска не ги ферма советниците, повторно не се појави на советнички прашања

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска повторно не се појави на седницата на Советот каде што советниците требаа да и…

September 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?