Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ангеловска-Бежоска ја промовира иницијативата за подобар пристап до финансии за жените претприемачи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ангеловска-Бежоска ја промовира иницијативата за подобар пристап до финансии за жените претприемачи
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска ја промовира иницијативата за подобар пристап до финансии за жените претприемачи

Објавено May 21, 2025 19:56
Сподели
Сподели

Живееме во време на значителни предизвици на економски план и мораме да вложиме напори за целосно користење на човечкиот капитал и поголема поддршка на бизнисите предводени од жени. Еден важен аспект е пристапот до финансии на жените претприемачи. Во овој контекст, Народната банка потпиша Меморандум за соработка со ЕБОР за примената на Кодексот за финансирање жени претприемачи, што претставува светска рамка за поттикнување посветеност, лидерство и иновации со цел да се намали родовиот јаз во финансирањето.

Во рамките на активностите предвидени со Меморандумот, Народната банка за првпат во нашата земја направи анализа за пристапот до финансии на микро, малите и средните претпријатија во сопственост на жени (ММСП). „На крајот на првиот квартал од 2025 година, според првичните податоци, на ММСП во сопственост на жени им се одобрени 13,8% од вкупниот број банкарски кредити одобрени на ММСП со само 7,5% од вкупната вредност на кредитите одобрени на оваа група компании. Податоците покажуваат дека жените претприемачи се висококвалитетни клиенти со многу ниска стапка на нефункционални кредити од 1,54%, во споредба со 2,76% од ММСП во сопственост на мажи. Релативно нискиот удел на жените претприемачи во заемите бара подлабока анализа на причините, како и ефективни решенија за посилна финансиска поддршка на жените претприемачи или за започнување или за одржување на нивниот бизнис“, истакна Ангеловска-Бежоска. Притоа, гувернерката ги повика финансиските институции да се приклучат кон поддршката на Кодексот за финансирање на жените претприемачи и за негова поширока примена при осмислување на политиките и производите за микро, малите и средните претпријатија предводени од жени.

„Ги охрабрувам сите банки и штедилници, како и другите релевантни субјекти да се приклучат кон Кодексот и да станат дел од Националната коалиција за спроведување на Кодексот, од што ќе произлезат голем број активности и креативни идеи за надминување на препреките за женското претприемаштво. Им честитам на првите четири банки коишто веќе ја препознаа вредноста на проектот и се приклучија кон Кодексот“, порача Ангеловска-Бежоска, при што истакна дека само со заемна поддршка може да се подобри родовата финансиска вклученост и женското претприемаштво што е основа за посилен, одржлив и инклузивен раст.

Кодексот за осмислување политики за поддршка за жените претприемачи е спроведен или е во фаза на спроведување во 30 земји, меѓу кои и нашата, со поддршка и од ЕБОР, а целта е со заеднички активности да се зголеми финансирањето на женското претприемаштво.

„Во ЕБОР, веруваме дека инклузивните економии се отпорни економии. Жените претприемачи се моќен двигател на иновациите и растот, но често се соочуваат со препреки поради кои имаат нееднаков пристап до финансиите. Преку нашата поддршка на Кодексот за финансирање на жените претприемачи, горди сме што соработуваме со Народната банка придонесувајќи за системски промени и за еднаков пристап до финансиите. Податоците јасно покажуваат дека бизнисите предводени од жени се силни и сигурни клиенти − сега е време да се спои тој потенцијал со реалните можности. Ги покануваме сите финансиски институции да се приклучат кон оваа иницијатива и да помогнат во намалувањето на родовиот јаз во финансирањето“, рече Фатих Туркменоглу, шеф на Канцеларијата на ЕБОР во Македонија.


Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Деца свирепо измачувале штрк во Гевгелија, објави Анима Мунди
Следна Статија Ванчо Михајлов не бил фашист, туку симбол на борбата за независна Македонија, кажа екс-премиерот Георгиевски на судењето во Битола

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Треба добро да се размисли за зголемувањето на старосната граница за пензионирање, сметаат пензиските друштва

Зголемувањето на старосната граница за пензионирање е прашање на кое мора да му се посвети посебно внимание, а притоа да…

September 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Зголемена стапка на банкротирани компании во Македонија

Во услови на голем број предизвици од опкружувањето, во текот на 2024 година бројот на правни лица над кои  е…

October 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Девизните резерви 4,72 милијарди евра

Девизните резерви на крајот на септември 2025 година изнесувале 4.722,7 милиони евра, соопшти Народната банка. Најголем дел од девизните резерви…

October 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски – Ортиз: Создаваме услови за воспоставување на нови авиолинии меѓу Македонија и Шпанија

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел…

February 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?