Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ангелов: Во моментов најсериозен е пожарот во дојранско Николиќ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ангелов: Во моментов најсериозен е пожарот во дојранско Николиќ
МАКЕДОНИЈА

Ангелов: Во моментов најсериозен е пожарот во дојранско Николиќ

Објавено July 12, 2025 18:17
Сподели
Сподели

Во моментов најсериозен е пожарот во дојранското село Николиќ во близина на границата со Грција. Тоа е пожар кој гори неколку дена. Рано утрово испративме еден армиски хеликоптер, кој прецизно дејствуваше по линијата на пожартот, но, поради ветрот кој постојано го менува својот правец овој пожар беше многу тешко да се стави под контрола, изјави попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

фото: ДЗС

Според него, бидејќи е раширен на поголема територија, претставува опасност да ги зафати и околните шуми.

Во соработка со колегите од грчка страна кои понудија поддршка од два канадери го активиравме Европскиот механизам за цивилна заштита за употреба на овие канадери кои треба да дејствуваат. По потреба на располагање имаме еден полициски и еден армиски хеликоптер, како и два ЕР трактори на ДЗС, затоа што вториот предмалку слета во Скопје, рече Ангелов.

Информира дека предмалку избил нов пожар на територија на Крива Паланка во близина на местото каде беснееше пожарот пред неколку дена.

фото: ДЗС

Во текот на вчерашниот и денешниот ден, како што информира Ангелов, регистрирани се повеќе од 40 пожари на отворен простор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Исвиркан градоначалникот на Кочани од страна на семејствата на жртвите од „Пулс“
Следна Статија Во 21-ви век нема место за национализам во Европа, кажа Муцунски од Дубровник

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски се обрати на CPAC, ја отвори можноста за американски инвестиции во стратешки проекти во Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на конференцијата CPAC – големиот десничарски настан кој се одржува во Вашингтон, а на кој…

February 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Наскоро ќе може да имате дел од оваа вредна колекција: Запленетата гардероба на Боки 13 проценета на 595,6 илјади евра

Заврши проценка на луксузната гардероба на Бојан Јовановски-Боки 13, која што му беше одземена поради случајот „Рекет“. Од Агенцијата за…

April 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Анкета: Позитивно мислење на граѓаните за справувањето на надлежните институции со трагедијата во Кочани

Ефикасно беше справувањето на надлежните институции во справувањето со последиците од трагедијата во Кочани. Особено е висок процентот на граѓани…

April 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Агелер: Немате поголем поддржувач и партнер од САД во остварување на вашите цели

Нема поголем поддржувач и партнер во остварување на вашите цели од САД и знам дека тоа беше повторено и на…

October 4, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?