Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ангелов: Пожарот во Трубарево е изгаснат, но има силно чадење, ноќеска повторно гореше и во „Дрисла“, состојбата сега е стабилна
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Ангелов: Пожарот во Трубарево е изгаснат, но има силно чадење, ноќеска повторно гореше и во „Дрисла“, состојбата сега е стабилна
ХРОНИКА

Ангелов: Пожарот во Трубарево е изгаснат, но има силно чадење, ноќеска повторно гореше и во „Дрисла“, состојбата сега е стабилна

Објавено September 14, 2025 09:46
Сподели
Сподели

Пожарот е изгаснат, нема активно горење, но има силно чадење кое се пробива низ земјата и песокот од затрупаните места. Преостануива да се дозатрупа уште дел од опожарената површина, изјави утрово Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) за ситуацијата на местото на пожарот во Трубарево кој избувна вчера пред 14 часот во складиште за рециклирање пластичен, електронски отпад и батерии.

Во видеоизјава Ангелов вели дека благодарение на „храбрата, брза и пожртвувана интевенција на скопските пожарникари, како и на целокупната одлично организирана акција за гасење на пожарот, четири објекти на локацијата биле спасени“ иако, како што рече, се наоѓаат директно до опожарените објекти на компанијата „Ф“.

Од она што можам да го забележам овде, се работи за големи бали со пластичен отпад, пластични шишиња и друг отпад, уредно спакувани. Пожарот е изгаснат. За жал, се уште имаме активно чадење. Делот каде што се наоѓаат литиумските батерии е затрупан со песок, на некои места е користена земја, онаму каде што нема литиумски батерии односно електронски отпад. Но, има чадење преку песокот и посипаната земја. За жал, чадењето се уште е силно, пожарникарите работат на навлажнување на песокот заради догаснување на пожарот, бидејќи ваков електронски отпад е исклучително тежок за гасење. Пожарникарите работеа во текот на целата ноќ – истакна Ангелов.

Соопшти и дека околу 2.30 часот добиле дојава дека повторно има горење на депонијата „Дрисла“ и веднаш се упатил таму.

Се гледаа одредени пламени јазици, но тоа беше гасот којшто испарува од оваа депонија. Таму упативме една екипа на скопската противпожарна бригада која го изгасна огнот, од кој постоеше опасност да го зафати главниот дел од депонијата. Сега состојбата во „Дрисла“ е стабилна, продолжуваме со агресивно затрупување на преостанатиот дел бидејќи најмалку половина од местото коешто гореше во „Дрисла“ вчера е затрупано. Но, дел од механизацијата беше пренасочен и овде, на големиот пожар во Трубарево – рече Ангелов.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување ќе има прес-конфернција во 11 часот во Медија-центарот на Владата заедно со министерот за здравство Азир Алиу и владината портпаролка Марија Митева.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Меџити доцна синоќа се огласи за Трубарево: Пожарот е под контрола, резултатите од мерењата се очекуваат
Следна Статија Џепчирчир победи на маратонот на Мундијалот во Токио, Поп Арсова заврши претпоследна

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Со закани одзеле пари од малолетници, приведени три лица во Скопје

На 16.04.2025 околу 23.30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од…

April 17, 2025
ХРОНИКА

Газдата на „Пуцко Петрол“ Асмир Јахоски нуди 2 милиони евра за да излезе од притвор

Сопственикот на Пуцко Петрол и син на пратеникот на ДУИ Исмаил Јахоски, Асмир Јахоски, понудил кауција вредна 2 милиони евра…

April 22, 2025
ХРОНИКА

Скопјанец ја нападнал својата 68-годишна мајка

На 22.09.2025 во 00:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода…

September 22, 2025
ХРОНИКА

МВР: Приведени се двајца скопјани за предизвикување на пожарот кај Рампа

Приведени се двајца скопјани поради сомнение дека предизвикале пожар во напуштен објект на булеварот „Македонија“, односно кај местото Рампа во…

July 6, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?