Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Меџити доцна синоќа се огласи за Трубарево: Пожарот е под контрола, резултатите од мерењата се очекуваат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Меџити доцна синоќа се огласи за Трубарево: Пожарот е под контрола, резултатите од мерењата се очекуваат
МАКЕДОНИЈА

Меџити доцна синоќа се огласи за Трубарево: Пожарот е под контрола, резултатите од мерењата се очекуваат

Објавено September 14, 2025 09:04
Сподели
Сподели

Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, доцна синоќа се јави од Трубарево, каде што вчера избувна голем пожар во објект за рециклирање на батерии и електронски отпад, што предизвика ширење на штетни супстанци во воздухот.

„Денешниот пожар во објектот за рециклирање на батерии и електронски отпад разбирливо предизвика загриженост кај сите граѓани. Фирмата има 10-годишна дозвола добиена во 2021 година. Апелирам на смиреност и доверба во институциите. Веднаш реагиравме, нашите инспектори го мереа квалитетот на воздухот и ситуацијата е под контрола,“ изјави Меџити во изјавата испратена до медиумите околу 3 часот по полноќ.

Тој рече дека првите резултати од мерењата се очекуваат во секој момент, но податоците утрово не се објавени.

Министерот за животна средина пристигнал во Трубарево доцна навечер, а во текот на целото попладне присуствуваше на партиските активности. Тој не се појави ниту на вонредната владина прес-конференција за пожарот, на која присутни беа министри од сите засегнати ресори, а новинарите го бараа поради итноста на состојбата. Меџити неколкупати се вклучи во живо на социјалните мрежи од партиските активности на кои присуствуваше во пресрет на локалните избори, каде е кандидиран за градоначалник на Чаир.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Миноски: Беззаконие
Следна Статија Ангелов: Пожарот во Трубарево е изгаснат, но има силно чадење, ноќеска повторно гореше и во „Дрисла“, состојбата сега е стабилна

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ел Чека објави видео како Дехари штипка девојка и се симнува во подрум (ВИДЕО)

Ел Чека во објавата на видеото најавува дека ако Дехари избега како што тоа го стори Артан Груби може да…

October 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонија ги исполнува реформските процеси и ја развива регионалната соработка: Вицепремиерот Николоски на средба со Медлин Нокс

Македонија ги исполнува реформските процеси и дава сериозен придонес кон регионалниот развој, потенцираше вицепремиерот Александар Николоски на средбата со Медлин…

April 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради празникот Велигден

По повод празникот „Воскресение Христово-Велигден” утре, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на…

April 10, 2026
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски: Скопје добива брз, модерен и целосно еколошки автобуски превоз – БРТ

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски оствари работна средба со проектантите на БРТ (Bus Rapid Transit) системот, на која детално…

March 27, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?