Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДЗР: Кујната во СД „Тетово“ без вентилација, 12 милиони евра за учебници што скапуваат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ДЗР: Кујната во СД „Тетово“ без вентилација, 12 милиони евра за учебници што скапуваат
МАКЕДОНИЈА

ДЗР: Кујната во СД „Тетово“ без вентилација, 12 милиони евра за учебници што скапуваат

Објавено September 3, 2025 09:29
Сподели
Сподели

Кујната во Студентскиот дом „Тетово“ не функционира, затоа што „заборавиле“ да направат вентилација, па набавената опрема не е ставена во употреба, а дел од објектот за кој се потрошени 3.450.000 евра не може функционално да се користи за намената за која е предвиден, констатира Државниот завод за ревизија во последниот извештај за работата на МОН.

Ревиозрите издале неповолно мислење за финансиските извештаи на сметка на основниот буџет, како и усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики.

Со ревизијата е утврдено и дека по повеќе од една деценија, МОН не презело мерки за наплата или отпишување на побарувањата по основ на студентски кредити доделени во периодот 1998 до 2010 година, од приближно 18 милиони евра.

Во Програмите за изградба и реконструкција на основни и средни училишта за 2023 година, утврдено е дека се реализирани без утврдени цели, приоритети и индикатори на успешност, а не бил уреден ни начинот на распределба на буџетските средства, ниту критериумите за изботка на проекти за изградба и реконструкција на училишни објекти.

ДЗР констатира и дека во 2023 година за стипендии за запишани студенти на еден од првите 100 универзитети во странство се исплатени речиси три милиони евра, а не постои систем за ангажирање на овие студенти по завршувањето, со што не се обезбедува ефикасно користење на вложените средства. Дополнително за нив исплатени се повеќе средства поради разликите во курсот на денот на на исплата, место да се пресмета по курсот на денот на објавувањето на конкурсот.

Ревизорите го истражувале и трошењето пари за проектот „Превод на 500 стручни, научни книги и учебници на врвните универзитети во САД, Англија, Франција и германија, за кои од 2012 до 2021 година потрошени се приближно 12.250.000 евра, а со нив се постапувало немарно. Имено, книгите се уште не се доставени со државните органи, не се води евиденција за прием и издавање од магацин, а се чуваат несоодветно, па дел се оштетени.

Утрвдено е и дека блок дотациите за основните и средните училишта се вршат без критериуми.

Извештаите на ДЗР на следните линкови:

https://dzr.mk/mk/250902-revizija-na-regularnost-2024-ministerstvo-za-obrazovanie-i-nauka

https://dzr.mk/mk/250902-utvrdeni-nepravilnosti-vo-nachinot-na-koristeneto-na-javnite-sredstva-vo-ministerstvoto-za

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Објавена снимка од американскиот напад врз венецуелски брод за дрога, при што загинаа 11 лица
Следна Статија Професорот Трајковски со анализа: БРТ може да биде проблематичен за Скопје, градот е двојно нараснат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Познати кандидатите за нов македонски судија во Стразбур

На списокот на пријавени кандидати, до кој дојде „360 степени“, меѓу другите, се наоѓаат Наташа Габер-Дамјановска, поранешна директорка на Академијата…

May 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

МНР му врачи протестна нота на рускиот амабасадор во Македонија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека попладнево во министерството бил повикан вонредниот и ополномоштен амбасадор на Руската…

December 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

Десковски: Ако на поранешниот шеф на дипломатијата не му било јасно што потпишува тогаш е комплетен идиот

Првата заблуда е создадена од преговарачите на Преспа, а со јасна цел да прикажат дека нашата страна добиле нешто со…

July 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Новиот обвинител мора да биде професионалец и да се бори за правда

Одлуката за разрешување на државниот јавен обвинител не е само политичка, иако е логично да е политичка одлука, посочи претседателот…

December 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?