Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

Објавено June 28, 2025 07:46
Сподели
Сподели

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација за дигитална лична карта и возачка дозвола. Од тој ден, граѓаните ќе можат да ја симнат тест-верзијата на овие документи и да ги користат за идни е-услуги.

Електронската лична карта и возачка дозвола, заедно со сите придружни услуги, ќе функционираат како електронски паричник – алтернатива на физичките документи. Грција е добар пример, но ние сме пред многу други балкански земји – изјави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

Тој потврди дека денешното усвојување на пакетот закони за дигитализација во Собранието значи воспоставување на правна рамка по европски стандарди, усогласена со практиките на ЕУ.

Според Андоновски, националниот портал uslugi.gov.mk веќе брои над 6.300 активни корисници. Меѓу институциите кои активно ги користат услугите е и судството, каде веќе се прифаќа електронската потврда за неосудуваност.

– Час поскоро ќе го исклучиме стариот систем за изводи од матичните книги. Ќе остане само постапката преку uslugi.gov.mk. Ќе воведеме и „Електронско сандаче“ – граѓаните ќе добиваат известувања директно таму – рече министерот.

Андоновски најави и дигитален попис во 2026 година, нагласувајќи дека Владата веќе има формирано работна група за технички подготовки. Целта е, како што рече, да се врати довербата на граѓаните, особено по критиките од Уставниот суд кон пописот во 2021 година.

Собранието денеска изгласа четири клучни закони за дигиталната трансформација: за електронски комуникации, за сајбер-безбедност, за електронски документи и услуги, и за архивска дејност, со што се отвора ново поглавје во модернизацијата на јавната администрација.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ФОТО) Иванка Трамп во центар на вниманието на свадбата на Безос, сите зборуваат за фустанот
Следна Статија Трамп: Ги прекинуваме трговските преговори со Канада и воведуваме нови царини

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Монах на МПЦ ОА фрли анатема на вештачката интелегенција и ковид вакцините

Во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во селото Јанковец кај Ресен, богослужбата за Недела на Православието предизвика силни реакции меѓу…

March 9, 2026
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Во Њујорк ги користиме можностите за афирмација на нашите позиции

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, кој ја придружува претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на работната посета на Њујорк, изјави дека покрај тековните активности во…

September 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Отворени избирачките места, право на глас имаат 1 832 415 граѓани

Во 7 часот почна гласањето на осмите локални избори од осамостојувањето на државата. Од Државната изборна комисија (ДИК) за МИА…

October 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Безбедносен протокол и насоки за етичко известување од погребот на жртвите од Кочани

Сите новинари и медиуми  при известувањето за погребите на жртвите од пожарот во Кочани да се придржуваат кон етички принципи…

March 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?