Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Андоновски: Забрануваме 173 нови нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Андоновски: Забрануваме 173 нови нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Забрануваме 173 нови нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа

Објавено June 11, 2025 15:29
Сподели
Сподели

Забрануваме 173 нови нелегални приредувачи на онлине игри на среќа, објави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на неговиот Фејсбук профил.

Апелирам до досегашните играчи, во најбрз можен рок да ги повлечат сите депонирани средства и да не се подведуваат на лажните и манипулативни е-маил пораки кои ги наведуваат да ги користат овие нелегални страници на несигурен и небезбеден начин. Никој не може да нè заштити ако не се заштитиме сами!, порача на ФБ министерот Андоновски.

Како што за МИА појаснија од Министерството, станува збор за нов налог што е добиен од страна на Државната лотарија со нелегални приредувачи на Онлајн игри на среќа и истиот е проследен до АЕК за понатамошно постапување преку телеком операторите.

Ова е втор ваков налог кој се состои од 173 веб страници кои приредуваат нелеаглни онлајн игри на среќа, додека првиот ваков налог, информираа од Министерството, беше веднаш по донесувањето на законските измени и во тој случај беа забранети 53 нелегални Онлајн приредувачи на игри на среќа.

Ние како Министерство постојано апелираме до граѓаните кои што имаат финансиски средства на овие страници, навремено да ги повлечат од истите и да не се подведуваат на ваквите лажни и манипулативни провајдери, бидејќи истите важат и за небезбедни, а безбедноста на интернет зависи и од самите корисници, изјавија за МИА од Министерството за дигитална трансформација.

Како институција, потенцираат, и во иднина ќе продолжиме да постапуваме на ист начин при ваквите случаеви, со цел спречување на нелгални активности во интернет просторот како и заштита на граѓаните од злоупотреба на нивните лични податоци.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Здолништето на Шакира се скина на концерт (ВИДЕО)
Следна Статија Кокаин и 37.000 евра пронајдени во полициска акција кај дилери од Велес

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Коњановски: Противпожарната зграда во Битола во финална фаза

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, објави дека изградбата на новата противпожарна зграда во градот влегува во својата финална фаза, што…

November 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Нашето место е во Брисел – билатералните блокади не смеат да ја кочат европската иднина

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, како дел од делегацијата предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски,…

December 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Со посебен закон ќе се спречува изградба на катна гаража зад Собранието

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на брифинг со новинарите иформираше дека со посебен закон ќе се спречи изградбата на катната…

January 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Миноски: Концепт „Наше дете“

Последните трагични настани се уште еден доказ за целосната ерозија на системот. Кога изместениот систем на вредности и негативната селекција…

February 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?