Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Со посебен закон ќе се спречува изградба на катна гаража зад Собранието
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Со посебен закон ќе се спречува изградба на катна гаража зад Собранието
МАКЕДОНИЈА

Со посебен закон ќе се спречува изградба на катна гаража зад Собранието

Објавено January 30, 2025 16:44
Сподели
Сподели

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на брифинг со новинарите иформираше дека со посебен закон ќе се спречи изградбата на катната гаража со деловен простор веднаш зад Собранието. Со овој закон околината на Парламентот ќе биде прогласен за безбедносна зона.

„Најголемо внимание во подготовката на законот е обрнато на начинот како ќе биде обесштетен сопственикот на земјиштето, затоа што се работи за приватна сопственост, а законот мора да биде во согласност со Уставот“, рече Гаши.

Тој не прецизираше дали се предвидува национализација или експропријација на земјиштето, ниту пак, дали имаат процена колку пари ќе чини обесштетувањето на сопственикот.

„Веднаш откако почна да работи овој состав на Собранието формирав работна група, во која се претставници на сите надлежни институции, за да го решиме овој долгогодишен проблем. За жал, земјиштето зад Собранието е продадено на приватно лице, кое сакаше да изгради катна гаража. Три дена по мојот избор за претседател на Собранието, багерите веќе дојдоа. Работата беше сериозна. Во работната група дојдовме до едно законско решение, кое е 99 отсто завршено и со кое околината на објектот на Собранието ќе биде прогласена за безбедносна зона. Такви се сугестиите на безбедносните служби и така ќе се реши проблемот“, рече Гаши.

Тој додаде дека кога нацрт-законот е биде целосно готов, ќе им го дадат на сите пратенички групи.

 „Ова е државен интерес, на сите граѓани и сакаме овој закон да го изгласаат сите пратеници. Законот ќе го промовираме кога ќе биде целосно готов, затоа што можеби ќе има и други предлози од пратеничките групи. Но, ние, како работна група и како институција сакавме да предложиме едно долгорочно и содржајно решение“, рече Гаши.

Тој најави дека во текот на февруари ќе го испрати законот на пратениците, а брзината на неговото усвојување ќе зависи од пратеничките групи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Младата дизајнерка Фросина е девојката која синоќа беше прегазена на „Партизанска“
Следна Статија Oва се сите трошоци: Можат ли Македонците во Германија да дојдат до сопствена куќа или стан?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Силвија Думинуцо од Италија ја бара биолошката мајка во Македонија

Дваесет и седумгодишната Силвија Думинуцо живее во Италија заедно со Енцо и Лилијана Думинуцо кои ја посвоиле во 2003 година.…

May 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Рената Дескоска е избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија

Дескоска преку својот фејсбук профил информира дека изборот го сфаќа како признание за својата активност и за досегашниот придонес во…

December 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Ќе продолжиме да градиме социјални згради низ другите градови, приоритет е намалување на цената на комерцијалните станови

Драго ми е што семејствата во оваа социјална зграда ќе најдат топол дом и ќе градат пристојна иднина, истакна вицепремиерот…

February 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Земјотрес со епицентар во Албанија ноќва ги дрмаше охриѓани

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет…

June 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?