Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Перински: Скопје како град го зафати сивило, не сум видел насмевка на лице на ниту еден скопјанец
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Перински: Скопје како град го зафати сивило, не сум видел насмевка на лице на ниту еден скопјанец
МАКЕДОНИЈА

Перински: Скопје како град го зафати сивило, не сум видел насмевка на лице на ниту еден скопјанец

Објавено January 31, 2025 08:25
Сподели
Сподели

Министерот за локална самоуправа Златко Перински останува на својата амбиција да биде потенцијален кандидат за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Сепак вели, важни околностите во кои ќе се носи одлуката при избор на кандидатот за градоначалник од редовите на партијата од која доаѓа.

„Да му дадеме шанса на времето. Да видиме што ќе се случува во иднина. Сепак, и околностите се важни во кои ќе се носи одлуката. Верувам дека предлогот кој ќе се даде од страна на Мицкоски, до извршните тела во рамки на партијата ќе биде најсодветното решение и секако сум убеден сум дека тој предлог кој и да е, ќе биде идниот градоначалник на Скопје. Во моментов навистина уживам во она што го работам, се трудам да го дадам максимумот, а да оставиме да видиме каква ќе биде одлуката на партиските тела па да видиме што ќе се случува“,вели Перински во интервју за емисијата Клик плус на ТВ21.

Министерот за локална самоуправа нагласи дека има многу визии за Скопје, градот кој го зафати сивило, градот во кој нема насмевка на лице.

„Имам многу визии за Скопје, ако почнеме ќе ни требаат три емисии, но Скопје го зафати едно сивило и одамна немам видено насмевка на лице на ниту еден скопјанец и тоа е од многу фактори. А, ако тргнеме од елементарните како што се загадување, јавен превоз, одлагање на смет, тие се во делот на политиката, ние немаме нормален живот во Скопје. Немаме културен настан не се сеќавам од кога. Имаме културни домови во општините кои зјаат празни, немаат програми, немаме случувања за пензионерите, за повозрасните, за најмалите. Ако немаме трговски центар во сабота во зима немаме каде да отидеме“, изјави Перински.

Тој вели дека на главниот град му треба долгорочна стратегија од минимум 20 години, со оглед дека квалитетот на живот во Скопје е доведен на најниско можно ниво .

На крајот од емисијата Перински објасни зошто Скопје не може да има трамвај.

„Тешко може да се направи трамвај, бидејќи е безплански развивано во централното градско подрачје. Но, има и многу други фактори“, изјави Перински.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Чибишев: Цел тим на обвинители требаше да влезе на Онкологија
Следна Статија Дневен хороскоп за Овен – петок, 31 јануари 2025

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

МЖСПП: Во Трубарево нема надминување на граничните вредности на ПМ честички

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека беа спроведени мерења на квалитетот на воздухот во Трубарево во два…

September 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Бугарија да ги отвори вратите за ЕУ, изјави Муцунски во Софија

Македонија е „заложник на неточна и непринципиелна блокада“ на патот кон Европската унија. Ова го изјави министерот за надворешни работи…

June 10, 2026
МАКЕДОНИЈА

Се празнува Св. Атанасиј Велики

Денеска е Св. Атанасиј Велики и Кирил Александриски. Роден во Александрија 296 година. Од детството наклонет кон духовниот призив. Беше…

January 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Секој македонски граѓанин изминатата година создал по 438 килограми комунален отпад

Минатата година во земјава биле собрани вкупно 637 471 тон комунален отпад, што е зголемување во однос на претгодните години,…

December 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?