Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски најави построги правила за електричните тротинети
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски најави построги правила за електричните тротинети
МАКЕДОНИЈА

Тошковски најави построги правила за електричните тротинети

Објавено June 18, 2026 17:38
Сподели
Сподели

Во насока на унапредување на безбедноста во сообраќајот, се подготвуваат законски измени за уредување на употребата на електрични тротинети. Ова го истакна министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, при презентацијата на националниот проект „Прекинување на циклусот на насилство – системска превенција на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем“ во Владата.

Министерот информира дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог-измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, базирани на препораките од експерти и стручни служби на Министерството.

„Ќе пристапиме кон заострување на казните и регулативата во делот на управување со електрични тротинети, особено кај најмладите“, нагласи Тошковски.

Министерот посочи дека анализите укажуваат на тоа дека најголем број сообраќајни инциденти со тротинети се случуваат кај младата популација, особено кај лицата помлади од 17-18 години.

„Нелегалното управување, возењето во групи од двајца или тројца, без заштитна кацига и непочитување на сообраќајните правила, води до сериозни последици“, потенцира Тошковски.

Тој додаде дека дел од предвидените измени ќе вклучуваат и покачување на минималната старосна граница за управување со електрични тротинети, со цел поголема заштита на најмладите и намалување на ризиците во сообраќајот.

Во однос на проблемот со нелегалните премини кај Бит-пазар, Тошковски истакна дека прашањето е веќе предмет на координации меѓу Министерството за внатрешни работи и Град Скопје, и најави претстојни конкретни активности.

„Постојат редовни координации и ова прашање е веќе дискутирано. Во иднина може да очекувате конкретни мерки за подобрување на безбедноста“, изјави министерот.

Тој нагласи дека, покрај институционалните мерки, клучно е и почитувањето на сообраќајните правила од страна на самите граѓани.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонските мажи умираат пред жените, вели статистиката
Следна Статија На пензионерите треба да им се даде можност да работат и да ја задржат пензијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Протест на Независниот синдикат на полицијата

Независниот синдикат на полицијата излезе на протест за повисоки плати. Со транспаренти и свирчиња побараа основната плата за пресметка да…

May 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сто дваесет и три години од загинувањето на Гоце Делчев

Во земјава денеска се одбележуваат 123 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев. Бројни делегации…

May 4, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Потребно е да се видат и цените во аптеките и во продавниците за бела техника

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска на собраниската седница за поставување на пратенички прашања рече дека состојбата која ја затекнале…

January 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Медицина, економија, технологија- најатрактивни насоки за полуматурантите

Најголем интерес кај матурантите во средно образование има за стручни области како што се економија, технологија и медицина. Областа на…

June 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?