Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Собранието изгласа недоверба на членовите на Судски совет Црвенковска и Адеми
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Собранието изгласа недоверба на членовите на Судски совет Црвенковска и Адеми
МАКЕДОНИЈА

Собранието изгласа недоверба на членовите на Судски совет Црвенковска и Адеми

Објавено March 11, 2025 16:09
Сподели
Сподели

Собранието попладнево во рамки на 40. седница изгласа недоверба на членовите на Судскиот совет Павлина Црвенковска и Селим Адеми, а претходно и на Весна Дамева.

Собранието гласа поединечни заклучоци според кои тие имале значителен придонес во загрозување на независноста, професионалноста и угледот на судството и придонеле за падот на довербата на граѓаните кон судството. Воедно, се наведува дека ја занемариле и не ја извршувале својата функција во работата на Советот, а поради изгласаната недоверба, го губат легитимитетот да учествуваат и одлучуваат во работата на Судскиот совет.

Павлина Црвенковска достави писмен одговор на интерпелацијата, но не ја образложи пред пратениците.

Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ зборуваше во името на предлагачите, нагласувајќи дека Судскиот совет станал полигон за партиски инсталации и алатка за заштита на криминалот на СДСМ и ДУИ.

– Нашата држава, нашите институции и пред сè нашите граѓани заслужуваат правосуден систем што ќе биде симбол на правдата, транспарентноста и владеењето на правото. Судскиот систем мора да функционира како независен столб на демократијата, ослободен од политички, економски и какви било други влијанија што би можеле да ја компромитираат неговата основна мисија заштита на правата на граѓаните и обезбедување правична и ефикасна правда. Наместо да биде инструмент во рацете на моќниците, судството мора да биде гарант на правниот поредок и силен браник против злоупотребите и корупцијата, рече Ковачки.

Според него, сведоци сме на долгогодишни системски слабости, судски скандали и институционални неправилности кои сериозно ја поткопуваат довербата на граѓаните во правосудниот систем.

– Наместо да се гради правна држава во која сите се еднакви пред законите се почесто гледаме дека одредени структури уживаат заштита од одговорност додека обичниот граѓанин се соочува со бавни, неефикасни и често неправедни судски процеси, рече Ковачки.

За Црвенковска рече дека во минатото била шеф на кабинетот на поранешниот премиер Владо Бучковски и дека таа била „длабоко вкоренета во партиските структури“.

– Ова значи дека нејзиното дејствување во Судски совет не е резултат на стручност или независност, туку на политички договори и долгогодишни релации со партијата што ја поставила на одговорна позиција, рече тој.

Во тек е расправа за интерпелацијата на членот на Судскиот совет Тања Чачарова-Илиевска, а потоа ќе се расправа и за интерпелацијата поднесена за Миљазим Мустафа.

На седницата не присуствуваат пратениците од СДСМ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Изгласана интерпелацијата за Весна Дамева
Следна Статија Пренџов: Членот на Судски совет, Чачарова-Илиевска освен што била правна советничка на Заев, била и донатор на СДС во повеќе наврати

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ги охрабрувам младите да влезат во борба со животот, тие се во фокусот на Владата, порача Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски одговорајќи на новинарско прашање денеска истакна дека младите се во фокусот на Владата, како и сите граѓани.…

October 30, 2024
МАКЕДОНИЈА

Уште еден земјотрес во Македонија, епицентарот е кај Богданци

Уште еден земјотрес е регистриран во Македонија. Јачината е 2,5 степени според Рихтер, додека пак епицентарот е 14 километри североисточно…

November 27, 2024
МАКЕДОНИЈА

АРМ објави оглас за 300 нови војници

Министерството за одбрана денеска го објави новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници во служба на македонската Армија.…

April 2, 2026
МАКЕДОНИЈА

Заврши 17-от„Марш на ангелите“ во Кочани

Заврши 17-от Марш на ангелите во Кочани кој денеска повторно се одржа откако минатата сабота паузираше поради верскиот и државен…

August 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?