Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Паднав пред џип, возачот не ме виде и ќе ме смачкаше – Познат македонски доктор доживеа тешка несреќа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Паднав пред џип, возачот не ме виде и ќе ме смачкаше – Познат македонски доктор доживеа тешка несреќа
МАКЕДОНИЈА

Паднав пред џип, возачот не ме виде и ќе ме смачкаше – Познат македонски доктор доживеа тешка несреќа

Објавено December 25, 2024 22:40
Сподели
Сподели

Доктор Никола Пановски на Фејсбук објави дека вчера доживеал несреќа, во која за малку можел да загине.

Ова му се случило додека возел велосипед. Вели дека психички е во шок, а има и физички болки. Тој упати апел до возачите додека се на семафор, да гледаат пред нив, а не во мобилниот телефон.

– По тоа што го доживеавме вчера, јас на велосипед и господинот во голем џип, ве преколнувам: КОГА ЧЕКАТЕ НА СЕМАФОР, А СТЕ САМИ ВО АВТОМОБИЛ, ОСОБЕНО ЏИП, НЕ ГЛЕДАЈТЕ ВО МОБИЛЕН, ГЛЕДАЈТЕ ПРЕД ВАС, ВЕ ПРЕКОЛНУВАМ!!!, вели Пановски во објава на својот ФБ профил и продолжува:

– Вчера, 24.12.2024, 11 часот наутро, на раскрницата на ул. Никола Тесла со Илинденска (кај Трибека, и гим. Орце Николов), се движам по ул. Н.Тесла кон Илинденска со велосипед, закачувам за нешто со педалата, минувајќи меѓу колите кои чекаа на црвено, и тротоарот, и паѓам на стомак пред џипот кој чека прв на семафорот. Се испружувам раширен со сите четири на асфалтот, јас напред со рацете, а велосипедот поназад заедно со моите нозе. Таман почна да ми тече крв од нос и се спремав да се исправам, кога шок. Џипот тргнува и ме покрива, таман е толку висок што само ми ја допира мојата голема глава, но ме стиска силно на десниот колк и на десната нога. Јас се дерам, а и многу лица кои чекале на пешачки. Џипот запира и по две секунди (кои траат како вечност), се враќа назад. Не ме прегази само затоа, што прво со неговото лево предно тркало го прегази задното тркало на велосипедот, па рамот, кој ми ја стисна десната подколеница која беше под рамот. Значи осети отпор и прикочи инаку, јас ќе бев смачкан, а возачот на џипот и да не беше осуден, ќе беше душевно осакатен доживотно. Значи, ако не гледате напред,а гледате во мобилен или на страна можеби под вашето возило во меѓувреме да паднал човек, дете итн.

Да ја завршам случката. За чудо, успеав да станам, целиот згмечен и во прав, крв од носот, очилата летнати (баш нови и скапи), ама ок беа, лаптопот и мобилниот преживејаа, велосипедот во посмртни остатоци, ама ќе се поправи, велосипедот ем ме турна во смрт, ама и ме спаси. Возачот на џипот ме зема во возилото, велосипедот во багажник и ме однесе дома. Го оставив смачканиот велосипед во гаража, се качив на друг и отидов на седница на Совет на Град Скопјев каде што бев и тргнат, истресов прашина и влегов во 11.30, доцнев 10 минути. По некое време гледам дека ме затега ногавицата кај подколеницата. Оток како тениско топче. На пауза отидов дома да се пресиблечам, кога потколеницата се наду како топка, и почнаа силни болки. Не можев ни до вц да одам без помош. Денес сум подобар, сам се движам, десната потколеница е само двапати подебела од левата, вчера беше трипати подебела и не ме боли. Лесни болки во рамо, колк, носот. Утре и ќе излезам од дома, значи ок сум физички, а психички сум се уште во шок, па затоа ја напишав оваа порака до возачите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ковачки: МВР прави исчекор во сузбивањето на криминалот и корупција
Следна Статија Проданоски: Граѓаните гласаа за да има правда во државата и тоа се реализира

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Костадиновски оствари средба со амбасадорот на Република Австрија

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски оствари работна средба со Н. Е Мартин Памер, амбасадор на Република Австрија. Претседателот на…

July 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Постојат основи дека незаконито, паушално, без утврдување на фактичка состојба биле изготвувани документи за работа на кабарето

Панче Тошковски, министерот за внатрешни работи соопшти нови детали во врска со трагедијата во Кочани. „Идентификувани сите 59 лица. Повредени…

March 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

НАМАЛЕНИ И ДО 75%: Од денес стапуваат на сила новите цени на услугите во Агенцијата за катастар на недвижности

Од денес стапуваат на сила новите намалени цени за голем дел од услугите на Агенцијата за катастар на недвижности. Минатата…

October 24, 2024
МАКЕДОНИЈА

Битиќи: Дајте им вода за пиење на луѓето во Струмица и Гостивар

Не владее СДСМ туку ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, кои имаат реален проблем, што треба да се реши со водата за пиење…

October 8, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?