Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Роднините на загинатите во пожарот во Тетово бараат нова истрага
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Роднините на загинатите во пожарот во Тетово бараат нова истрага
МАКЕДОНИЈА

Роднините на загинатите во пожарот во Тетово бараат нова истрага

Објавено April 3, 2025 12:45
Сподели
Сподели

Претставници на семејствата на жртвите од трагедијата во Модуларната болница во Тетово пред тетовскиот Основен суд одржаа прес-конференција, на која истакнаа дека се приклучуваат кон јавното писмо од Иницијатива Нула до државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

Според претставниците на семејствата, постојат сериозни докази за кои сметаат дека Обвинителството ги има отфрлено во досегашната постапка пред судот во Тетово

Целата јавност знае дека постојат сериозни докази за пропусти при изградбата на модуларната болница кои можат да бидат единствени причини за пожарот. Тоа беше потврдено и со германското вештачење-независен и кредибилен доказ кој за жал беше отфрлен од обвинителството. Затоа, драг Љупчо, како наш сограѓанин од Тетово, Вие најдобро ја разбирате болката и гневот на семејствата на жртвите и на целата заедница. Ова не е само правно прашање. Ова е морална обврска – кон тие што ги изгубивме, но и кон сите граѓани што денес живеат со страв дека ова може да се повтори, а никој нема да одговара, истакна Агрон Арифи од Иницијативата во име на семејствата на жртвите.

Семејствата на 14-те жртви бараат од Обвинителството да ја обнови истрагата за како што велат, вистинските виновници на пожарот во модуларната болница во Тетово

Време е некој да преземе одговорност. Време е правдата да излезе од фиока. Како семејства на загинатите, бараме од Вас: – Да формирате независен тим кој ќе ги испита сите аспекти на случајот, вклучително и евентуалното одолговлекување на постапката. Да гарантирате дека судската постапка ќе се води без политичко-бизнис влијание. Да обезбедите транспарентност и отчетност во Вашата работа, во согласност со законските обврски. Да го земете германското вештачење како клучен доказ во истрагата. Ние нема да молчиме. Ќе продолжиме да зборуваме за нашите најблиски кои ги изгубивме, за вистината, за правдата која е ветена, но никогаш донесена, истакна Арифи.

Од 10 часот денеска во Основен суд Тетово продолжи доказната постапка во рамки на повторно судење за пожарот во модуларната болница во кое осомничени се двајцата поранешни директори на болница и Јавната здравствена установа Клиничка болница Тетово како правно лице.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се гони и таткото на возачот кој ја усмрти Фросина: му го давал возилото, а знаел дека нема возачка дозвола
Следна Статија Mицкоски извади документи против Левица и Апасиев: Kупиле деловен објект од 295.000 евра по само 721 евро за квадрат?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мартовската пензија ќе биде линеарно зголемена за 1.000 денари

Во сила останува линеарното зголемување на пензиите откако отпадна сомнежот за неуставност на оспорениот закон и Уставниот суд на денешшната…

March 4, 2026
МАКЕДОНИЈА

Николоски ги демaнтира шпекулациите: Во Македонија нема да се градат мигрантски кампови

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски утрово за Радио Лидер ги демантираше шпекулациите кои се шират по опозициските медиуми…

October 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пример за едноставност и нормалност: Мицкоски со комерцијален лет отпатува за Истанбул, шпанскиот амбасадор воодушевен од скромноста на премиерот

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска отпатува во посета на Република Турција. Мицкоски ќе има средба со…

February 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Дали сме навистина социјална држава, праша Сиљановска во честитката за 1 Мај

Во својата честитка за празникот на трудот, 1 Мај, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова постави повеќе прашања кои се однесуваат на правата…

May 1, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?