Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ковачки: МВР прави исчекор во сузбивањето на криминалот и корупција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ковачки: МВР прави исчекор во сузбивањето на криминалот и корупција
МАКЕДОНИЈА

Ковачки: МВР прави исчекор во сузбивањето на криминалот и корупција

Објавено December 25, 2024 22:22
Сподели
Сподели

Во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија гостуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки кој зборуваше за актуелни теми, за акцијата која ја спроведе МВР и сузбивањето на терористичките ќелии и за тоа од колкави размери се тие истите, како и за нивната сериозност и опасност за државата, односно дека таквите терористички групи не и носат ништо добро на државата, и со оглед на тоа безбедносните служби успешно презеле мерки и активности за нивно сузбивање.

„Секој обид да се релативизираат еве тие лица односно нивните активности мислам дека не и носат добро на државата. Сите што се малку по упатени во оваа проблематика знаат дека целта на терористите односно на таквите активности е за да со помалку средства, ресурси човечки се постигнат одредени стратешки цели па дури и политички цели, најчесто се работи за политички цели за постигнување на цели коишто ќе влијаат на одредени политички одлуки во понатамошниот тек. Она што јас го знам станува збор за млади лица исклучително млади лица кои се само радикализирале и станале дел од таа групација на ИСИС“, рече Ковачки.

Во емисијата пратеникот Ковачки наведе дека претходната власт оставила дамка на целокупниот безбедносен систем, знаела информации за таквите структури но и покрај тоа немало дејствување од страна на службите за решавање на проблемот, па наместо тоа тие се занимавале со бесмислено следење на членови од ВМРО-ДПМНЕ, и издавање на пасоши на лица кои се занимавале со криминал и корупција, без да се даде приоритет на безбедноста и мирот во државата.

„Службите имале информации за таквите структури, меѓутоа изостануваше акција а зошто изостануваше акција затоа што во изминатиот период службите наместо да се занимаваат со тоа што им е работа тие се занимаваа со следење на опозицијата со следење на лидерот на опозицијата, во тоа време зборувам за господинот Христијан Мицкоски, се занимаваа со следење на раководството на партијата, не алармираа, не ги идентификуваа потенцијалните опасности кога се издаваа пасоши на секакви атентатори на лица инволвирани во тешки криминални активности“, изјави Ковачки.

Исто така тој додаде дека сега ситуацијата е сосема поинаква благодарение на новата Влада која суштински се занимава со проблемите во државата за целосно искоренување на сето она што ја нарушува безбедноста на граѓаните, и смета дека е за поздравување акцијата која е спроведена од страна на МВР за конечно разбивање на терористичките групи.

„Сега гледаме еден квалитативен исчекор за само шест месеци службите организирано идентификувале, преземени се акции од страна на МВР и можеме да видиме дека е постапено по тие информации што е за поздравување и повторувам вакви ситуации и случаи имало во минатото, јас сум прилично уверен такви ситуации има затоа што напредокот на технологијата меѓутоа и некои радикални идеологии напредуваат за жал во моментов“, вели Ковачки.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Патниците се молат – се појави снимка пред да се урне азербејџанскиот авион
Следна Статија Паднав пред џип, возачот не ме виде и ќе ме смачкаше – Познат македонски доктор доживеа тешка несреќа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ќе се обноват погоните, а вработените ќе се вратат на работа, најавија од менаџментот на Макпрогрес Винчини

Изгорените производствени линии на фабриката за кондиторски производи „Макпрогрес Винчини“ од Виница експресно ќе бидат обновени, а работа ќе се…

September 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Воздушниот простор затворен до понеделник – единаесет македонски државјани побарале евакуација од Израел

До овој момент, до дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив, единаесет македонски државјани официјално побарале евакуација од Израел. Согласно последните информации,…

February 28, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на средба со хрватскиот колега Андреј Пленковиќ

Во рамките на престојот во Лондон премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со Андреј Пленковиќ, премиер на Хрватска. Остварена средба со…

October 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Утре ќе биде распишан оглас за нов претседател на Антикорупциска

Како што се наведува во информацијата од Собранието, рокот за пријавување ќе трае 10 дена, а понатамошните фази од постапката…

August 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?