Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На пензионерите треба да им се даде можност да работат и да ја задржат пензијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > На пензионерите треба да им се даде можност да работат и да ја задржат пензијата
ЕКОНОМИЈА

На пензионерите треба да им се даде можност да работат и да ја задржат пензијата

Објавено June 18, 2026 17:41
Сподели
Сподели

Директорот на Фондот на пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) Никола Мемов учествуваше на тркалезната маса – работна сесија – „Недостигот на работна сила: Од предизвик до можност преку активно стареење и искористување на позитивни искуства“ во организација на Комората на  Македонија за приватно обезбедување, наведува Фондот на ПИОМ во соопштение .

Целта на настанот, како што беше речено, е актуелизирање на состојбата со работната сила во областа на приватното обезбедување и изнаоѓање решение за нејзино подобрување.

-Сметам дека пензионерите кои сакаат и се во добра здравствена состојба треба да имаат можност за работа. Актуелната состојба на пазарот на трудот покажува дека има потреба од нив. Во областа на приватното обезбедување тие навистина може да дадат придонес, бидејќи поседуваат големо искуство и ги имаат бараните вештини, рече Мемов и додаде дека вработувањаето на пензионерите треба да се однесува само за вработувањата во приватниот сектор.

Тој појасни дека со законското овозможување на ангажирањето пензионери ќе има троен бенефит.

-Со вработувањето на пензионерите работодавачите ќе имаат лица со кои ќе ги пополнат работните места и за кои ќе плаќаат придонеси. Со тоа корист ќе има државата, бидејќи ќе прибира средства за пензиско, здравствено осигурување и други давачки, а корист ќе имаат и самите пензионери, бидејќи ќе имаат и пензија и плата, потенцира директорот на Фондот.

Проф. д-р Лазар Јовевски рече дека ова е тема која е длабоко поврзана со опстанокот и иднината на државата. Тој додаде дека стареењето на нацијата е факт, а за решавање на проблемот има два начина.

-Едниот пат е увоз на работна сила, кој си има свои последици коишто ги гледаме од искуството во западните земји, а вториот пат е внатрешно да се реорганизираме и да ги надминеме недостатоците. Ако се договорат сите чинители дека ќе се оди по вториот пат, тогаш ќе треба да се редефинира правно-економската регулаторна рамка со која ќе се овоможат нови решенија за вработување, и правила на пазарот на труд, рече Јовевски.

Претедателката на Комората, м-р Верица Милеска-Стефановска, нагласи дека секторот на приватното обезбедување се соочува со проблеми коишто поскоро треба да се решат. Таа изнесе повеќе примери од нашето окружувње каде што на пензионерите им е дозволено да се вработат и да ја задржат пензијата.

Учесниците на тркалезната маса потенцираа дека мора да се направат измени во законската регулатива што поскоро и со тоа да се обезбеди работна сила која ќе ги пополни празните работни места во секторот на приватното обезбедување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски најави построги правила за електричните тротинети
Следна Статија Зеленски: Москва ќе гори!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Новиот систем за влез во ЕУ сериозна „главоболка“ за возачите на камиони – Ќе бидат третирани како туристи

Новиот систем за влез во Европската Унија (ЕУ), кој вклучува електронска регистрација и биометрија, може да предизвика големи проблеми во…

October 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски-Алиу: Македонија е силно посветена на изградба на модерна инфраструктура што ќе ја поврзе со регионот- патно и железничко поврзување во фокус

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со заменик министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шакири, денеска…

November 18, 2024
ЕКОНОМИЈА

Југоисточна Европа: Стратешки коридор што Вашингтон не смее да дозволи да го игнорира

Институтот за национална безбедност (NSI) при Универзитетот Џорџ Мејсон во САД, преку својот блог The SCIF, објави дел од  анализата…

April 2, 2026
ЕКОНОМИЈА

Кушнер, Аполо и богатиот татко предводат непријателска понуда за Warner Bros.

Зетот на американскиот претседател, еден од најголемите алтернативни менаџери на имот и извршниот директор чиј татко кратко поседувал богатство поголе

December 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?