Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МВР со детали: Како судијата криел 350.000 евра во ѕид?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > МВР со детали: Како судијата криел 350.000 евра во ѕид?
МАКЕДОНИЈА

МВР со детали: Како судијата криел 350.000 евра во ѕид?

Објавено January 20, 2026 16:34
Сподели
Сподели

На 20.01.2026 Единицата за корупција во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против Ѓ.Р. (53) од Неготино, со живеалиште во Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „противправно стекнување и прикривање имот“ по чл.359-а ст.3 в.в. ст.1 и „перење пари и други приноси од казниво дело“ по чл.273 ст.1 од КЗ.

Ѓ.Р., во својство на службено лице- судија во Апелациониот суд Скопје, во временскиот период од 10.02.2020 до денес, спротивно на законската должност за пријавување на имотна состојба или нејзина промена дал лажни податоци за својот имот и имот на неговото семејство, кој имот во големи размери ги надминува неговите законски приходи.

Притоа, на 18.01.2026, врз основа на наредба издадена од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, во координација со предметен јавен обвинител извршен е претрес во домот на неговите родители лоциран во Неготино, каде на првиот кат, поточно во кујнската просторија, биле забележани сомнителни околности за изведување на градежни активности (корекција на ѕидните плочки), по што при отстранување на една ѕидна керамичка плочка, забележана е дупка во која се наоѓале алуминиумски ролни во форма на цилиндер, спакувани во поединечни 13 пакувања, во кои пронајдени се вкупно 610 банкноти во апоени од по 500 евра и 225 банкноти во апоени од по 200 евра, или вкупно 350.000 евра.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Илијана Јотова ја презеде функцијата претседател на Бугарија, по оставката на Радев
Следна Статија ВНИМАВАЈТЕ: Се праќаат лажни СМС пораки за наводни казни од „Сејф сити“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Мицкоски до граѓаните: Нема да имам милост, секој кој е инволвиран во овој трагичен настан до последниот ќе одговара

„Во мојот живот сум имал многу тешки моменти и предизвици, но ова денес е убедливо најтешкиот ден од мојот живот.…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Општина Тетово од парите на граѓаните и донираше 23.000 евра на ИВЗ за да си го покрие данокот на промет

Општина Тетово донесе одлука да ѝ донира на Исламската верска заедница (ИВЗ) точно 1.444.484 денари (над 23.000 евра). Овој износ…

June 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова од Идризово: Секој заслужува втора шанса, подготвуваме нов закон за помилување

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го посети женското одделение во КПУ Идризово, каде оствари средба со затвореничките кои работат во шивачката…

December 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Најдобрите студенти од Факултетот за безбедност директно ќе се вклучуваат во МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети Факултетот за безбедност при Универзитетот „Св. Климент Охридски“, каде што присуствуваше…

December 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?