Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бубевски: Постапката е проширена и за родителите на обвинетиот Васил Јованов што ја прегази Фросина Кулакова
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Бубевски: Постапката е проширена и за родителите на обвинетиот Васил Јованов што ја прегази Фросина Кулакова
МАКЕДОНИЈА

Бубевски: Постапката е проширена и за родителите на обвинетиот Васил Јованов што ја прегази Фросина Кулакова

Објавено February 4, 2025 22:20
Сподели
Сподели

Јавниот обвинител Гаврил Бубевски информираше дека обвинителството постапило по сите стандардни процедури во случајот со прегазената Фросина Кулакова. Тој рече дека постапката е проширена и за родителите на обвинетиот Васил Јованов, кој возел под дејство на алкохол и без возачка дозвола.

Во вечерашното гостување на Телевизија Телма, Бубевски изјави дека обвинителството ги презело сите неопходни мерки за прибирање и анализа на доказниот материјал, вклучувајќи видео материјали и експертизи за брзината на движење на возилото. Утврдено е дека возачот поминал на црвено светло, што, како што рече, ја подигнува кривичната одговорност и покренува умислен аспект.

– Тука умислата се подразбира. Затоа што за да постои умисла, треба сторителот да е свесен за своите дејствија или за своите недејствија што бил должен да ги преземе, но се согласил со последицата. Тука многу лесно може да се заклучи дека возењето под дејство на алкохол, со брзина која што е поголема од дозволената, таа е предмет на вештачење, но и со другите факти, веќе умислата е дефинирана. Затоа што стигнуваш на пешачки премин, каде што е црвено и тука веќе се согласуваш со последицата која што може да настане. Тука веќе нема место за друга правна квалификација во однос на овој дел, рече тој.

Обвинителот информираше дека постапката е проширена и спрема родителите и дадени се соодветни наредби до Министерството за внатрешни работи да ги испитаат околностите како што се кој му давал средства за бензин во возилото, од кога е возилото, кој го употребува. Тој рече дека би подлегнало на одговорност тоа што на обвинетиот му се пружило средство за предизвикување општа опасност.

– Постапката што се води против обвинетиот за ова кривично дело е проширена за да се испита влијанието и дејствијата на родителите во насока во која што му е овозможено на тоа лице да има средство кое што предизвикува општа опасност, изјави Бубевски.

Со палење свеќи и положување цвеќе, граѓаните и денеска оддадоа почит нa Фросина Кулакова од Неготино, која беше прегазена додека поминувала пешачки премин на Булеварот „Партизански одреди“ в

Во врска со обвинетиот Васил Јованов и неговите претходни кривични дела, конкретно за кривичното дело од 2023 година кога тој удира во возило и полесно ја повредува сопатничката, предлог кој завршува со парична казна, односно на прашањето како е возможно некој толкав период да вози без возачка дозвола и тоа да поминува неоткриено, тој одговори дека клучот е во превенцијата.

-За сѐ ова ние да го превенираме треба да тргнеме сами од себе, од семејството и сѐ понатаму што следува, рече обвинителот.

Прашан дали обвинителството го преиспитува нивното постапување во однос на обвинетиот Јованов и неговите претходни кривични дела, тој рече дека постапиле онака како што налагаат правилата за постапување.

Во однос на тоа што треба да се промени за да не се случуваат вакви работи, рече дека треба да се смени одговорноста. Додека, во врска со тоа дали треба да се променат казните во сообраќајот, рече дека се адекватни.

Фросина Кулакова од Неготино на 29 јануари годинава беше прегазена додека поминувала пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ во близина на Универзалната сала во Скопје.

Дваесет и двегодишната девојка беше прегазена од дваесетгодишниот Васил Јованов од Скопје, кој возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло.

На 20-годишниот скопјанец осомничен за смртта на Фросина му беше определена мерка притвор од 30 дена, а за него и претходно имало кривични пријави за друга сообраќајна незгода и за недозволена употреба на дрога.

Во чест на Фросина, во Скопје во неделата се одржа масовен протест на кој граѓаните повикаа на одговорност.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Загина 57-годишен маж од Кочанско: со возилото излетал од патот
Следна Статија Надал кажа кој му бил најтежок противник во кариерата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

МЗ: Ситуацијата по пожарот во дворот на Психијатриската болница е целосно под контрола, нема повредени

Министерството за здравство соопшти дека по пожарот што синоќа зафати дел од тревна површина во дворот на ЈЗУ Психијатриска болница…

July 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски до младите: Дома треба да сонуваме и да ја градиме иднината, не во туѓи економии

На министерската конференција за демографска отпорност што се одржува во Скопје, премиерот Христијан Мицкоски испрати директна порака до младите граѓани…

May 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

Kaко пишуваше странскиот печат за убиството на Јане Сандански

На вчерашен ден 1915 година, убиен е пиринскиот цар, Јане Сандански. Тој бил личност за која се интересирал и странскиот…

April 23, 2026
МАКЕДОНИЈА

Сѐ уште не се применува новиот Закон за употребата на македонскиот јазик

Десет месеци по донесувањето во Собранието, (26 јануари 2024), Законот за употребата на македонскиот јазик не се применува. Меѓу одредбите…

November 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?