Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Андоновски: За 20% зголемен бројот на трансакции на националната платформа за интероперабилност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Андоновски: За 20% зголемен бројот на трансакции на националната платформа за интероперабилност
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: За 20% зголемен бројот на трансакции на националната платформа за интероперабилност

Објавено April 15, 2025 08:54
Сподели
Сподели

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски беше гостин во програмата на Македонско радио – Радио Скопје, во своето гостување меѓу другото тој зборуваше и за платформата за интероперабилност, која што како што рече бележи зголемување на извршени трансакции.

-Во првите месеци од 2025 година, бројот на трансакции на националната платформа за интероперабилност е зголемен до 20% во март, споредено со просекот на трансакции од минатата 2024 година. Во 2024 година се направени 8,5 милиони трансакции на националната платформа, на која се поврзани повеќе од 50 институции и десетина приватни компании. Во месец март оваа година, бројката достигна скоро 900 илјади трансакции, што е за 20% поголем број од просекот за 2024 година. Во јануари и февруари исто така е зголемен бројот на трансакции за околу 10%, рече Андоновски.

Важноста на платформата за интероперабилност се огледува во фактот дека таа овозможува меѓусебно поврзување и размена на податоци помеѓу државните органи, институциите и бизнис компаниите. Податоците и документите помеѓу институциите се споделуваат на стандардизиран, безбеден и унифициран начин.

-Непречениот проток на информации преку платформата за интероперабилност, го намалува времето потребно за пренос на информациите помеѓу институции, со што се олеснува протокот на електронски информации кои се потребни за обезбедување на јавни услуги прилагодени на потребите на граѓаните и бизнисите. Ваквата размена на податоци ја зголемува ефикасноста при работењето и го зголемува задоволството од услугите кои им се нудат, додаде Андоновски

Министерот за дигитална трансформација напомена и дека најактивни институции на платформата се Царинската управа, Народната банка, Министерството за внатрешни работи, а кон трансакциите на платформата особено допринесуваат и услугите од Националниот портал за електронски услуги – uslugi.gov.mk. А дека во поактивните субјекти изминатиот период се и Министерство за социјална политика, демографија и млади, Државната комисија за спречување на корупцијата и Агенција за вработување.

Значајно е да се напомене дека искористувањето на податоците од националната платформа за интероперабилност, кога тоа им е дозволено со закон, е бесплатно и за приватниот сектор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Во Норвешка играчот на натпреварот доби печено прасе
Следна Статија Костова: Панче Тошковски требаше да си даде оставка од морални причини

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за „Усје“: Владата ќе ги разгледа заклучоците на Советот, па ќе постапи

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата првин ќе ги разгледа заклучоците што ќе ги донесе Советот на Град Скопје во…

December 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во среда е Воведение, празник кој ни открива каква ќе ни биде наредната година

Православните верници во среда ќе го честуваат Воведението, односно воведувањето на света Богородица како тригодишно девојче во храмот. Кога Пресвета…

December 2, 2024
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Нема да се градат бегалски кампови во Македонија, вели Милошоски

Договорот за стратешко партнерство со Британија, не предвидува и изградба на бегалски кампови во Македонија, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио…

December 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Владата покажа дека приоритет број 1 ѝ е борбата против корупција, вели евроамбасадорот Рокас

Зборувајќи за борбата против корупцијата, евроамбасадорот Михалис Рокас во вчерашното интервју на „Сител“ истакна дека целата активност на Владата мора…

March 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?