Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Костова: Панче Тошковски требаше да си даде оставка од морални причини
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Костова: Панче Тошковски требаше да си даде оставка од морални причини
ПОЛИТИКА

Костова: Панче Тошковски требаше да си даде оставка од морални причини

Објавено April 15, 2025 08:58
Сподели
Сподели

За жал, она што го гледаме е крајно селективна, пристрасна и истрага која што оди во насоки во коишто бега од оние коишто се директно одговорни по закон во делот на безбедноста а тоа се функционерите во МВР кои на денот на трагедијата биле на позиции, истакна потпретседателката на СДСМ Кристина Костова во емисијата „360“.

-Има закони кои јасно ја пропишуваат одговорноста на функционерите во МВР и тоа функционери во различни делови и оддели на МВР, дали се тоа ОВР Кочани, СВР Штип, БЈБ, самото МВР, коишто морале да постапуваат вечерта кога се случила таа најголема и најстрашна трагедија од осамостојувањето до денес. А за коишто гледаме дека се исклучени и се уште се исклучени од истрагата, рече Костова.

Костова додаде, дека станува збор за лица, за началниците и за функционерите во различните структури на МВР актуелни на денот кога се случила несреќата, кои согласно своите работни активности одговорности и функции, коишто ги носеле имале одговорност. 

Mеѓудругото да направат план за постапување, за таков голем настан, имале одговорност и да го обезбедат настанот со соодветен број полицајци, но исто така, доколку постапеле согласно своите обврски, ќе имало присутна и противпожарна бригада и брза помош, со што голема веројатноста била да се намали размерот на оваа трагедија  па дури можеби да се спречи, да се спречи толку голем број загинати, 61 млад живот, додаде таа.

Костова потенцираше дека министерот Панче Тошковски од морални причини требало да поднесе оставка.

-Чесно ќе беше Тошковски истиот ден да си поднесе оставка како морален чин. Тошковски во сите овие денови седи во фотелјата на министер за внатрешни работи, ај што е најодговорен, но исто така во водењето на истрагата има можност да врши влијанија, да ја води истрагата во насоки, коишто можеби му одговараат, истакна потпретседателката на СДСМ Кристина Костова во емисијата „360“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Андоновски: За 20% зголемен бројот на трансакции на националната платформа за интероперабилност
Следна Статија Приврзоците на ДУИ денес глумат глас на совеста, одговори Тошковски на нападите од ДУИ, СДСМ и Левица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Жерновски прогнозира вонредни парламентарни избори

Поранешниот градоначалник и екс-амбасадор на Македонија во Романија, Андреј Жерновски, смета дека Македонија е во политичка криза и дека владата…

August 18, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Граѓаните ќе платат дополнителни 20 милиони евра за камати од скапите задолжувања

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција обвини за скапите задолжувања на Владата дека ќе ја чинат државата дополнителни…

May 23, 2026
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Поранешниот директор на АНБ призна дека во време на власт на СДС биле следени членови на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски

Виктор Димовски, поранешен директор на Агенцијата за национална безбедност призна дека за време на неговиот мандат во време на владеење…

September 7, 2025
ПОЛИТИКА

Шекеринска тврди дека не ургирала за возачот кој ја усмрти Фросина

Поранешната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска преку објава на Фејсбук ги демантира наводите што изминатите денови беа пласирани во јавноста…

February 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?