Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Кампањата речиси завршува, а Венко не сопре со црна кампања
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: Кампањата речиси завршува, а Венко не сопре со црна кампања
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Кампањата речиси завршува, а Венко не сопре со црна кампања

Објавено October 14, 2025 18:37
Сподели
Сподели

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на денешниот народен митинг во Пробиштип, во рамки на изборната кампања со слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори. Мицкоски се осврна на како што вели тој, неформалната коалиција за локалните избори составена од СДСМ, ДУИ и Левица, кои се обединети од желбата за власт и омразата кон ВМРО-ДПМНЕ. Според него, на овие локални избори тие настапуваат со црна кампања, а не нудат никакви проекти, никаква визија ниту стратегија.

,,Кога зборувам за нашите противници зборувам за една непринципиелна коалиција, која што е составена од во суштина три политички партии, која што се обединила поради две главни причини, првата е желбата за власт, по било која цена. И втората е, патолошката омраза која што ја имаат кон ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е коалицијата на СДСМ, на ДУИ, и политичката партија Левица. На некои места, оваа коалиција е формална, на некои полуформална, но во суштина, тоа е тој опозициски блок, кој што на овие избори излегува тотално без никаква програма“, вели Мицкоски.

Мицкоски истакна дека опозициската СДСМ за претстојните локални избори не нуди ниту проекти, ниту визија, туку само се фокусира на црна кампања уште од првиот ден.

,,Од првиот ден, заклучно со денеска, ние не слушнавме ниту еден проект, не слушнавме никаква визија, никаква стратегија, од нив не слушнавме како планираат и каде планираат да ја водат Македонија. Од нив слушнавме само три, условно кажани, политички пораки во оваа кампања. Првата е, црната кампања која што ја водат од првиот ден, па се до ден денес. Против мене се разбира најмногу и против ВМРО-ДПМНЕ. Втората политичка порака која што ја испратија е дека тие се политички наследници и претставуваат континуитет на тоа што претставуваше влада 7 години во Македонија, коалиција СДСМ-ДУИ. Третата политичката порака е дека тие се грижеле и се бореле за нашиот дом“, истакна Мицкоски и додаде:

,,Црната кампања наспроти целата теорија и целата пракса, започна од првиот ден во оваа кампања. Ние немаме емитувано ниту еден негативен спот. А, веќе завршува кампањата во првиот круг. Ниту еден негативен спот“.

Мицкоски истакна дека, иако има многу причини да се потсетат граѓаните на неуспесите на претходната влада, ВМРО-ДПМНЕ избира позитивна кампања фокусирана на проекти и иднината.

,,А верувајте, имаме таква инспирација да ги потсетиме граѓаните, за тоа што го работеа 7 години, што ако почнеме рано наутро малку ќе ни биде еден ден сето она лошо што го направија додека 7 години беа влада. Но, рековме не. Ние сакаме да бидеме Влада која што ќе се обиде да ја врати надежта кај луѓето, и сакаме да зборуваме за убави работи, за проекти, да зборуваме за иднина. Сакавме тоа да го доближиме до граѓаните. Што е тоа што ние го сработивме. И што е тоа што ќе го сработиме. А тие, со ад хоминем напади, со ниски страсти. Прво ми посакаа, ќе било штосно ако го виделе моето тело распарчено и спакувано во куфер, за да потоа претседателот на СДСМ, претпоставувам инспириран, бидејќи неговиот политички гуру седеше во првиот ред, во еден занес, кажа дека тие нас не не мразеле туку не презирале. Тоа претпоставувам треба да е степен над омраза, барем според нивната филозофија. Инаку, човекот е педагог, редовен професор на факултет, кој што пледира утре да ја води државата. Тоа е тоа што го нуди СДСМ на овие избори“, заклучи Мицкоски.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија УНДП: Постои подготвеност да се инвестираат 70 милијарди долари во реконструкцијата на Газа
Следна Статија Прво огласување на Систина по смртта на Панчо: Се боревме заедно 213 денови…

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: Нов кружен тек, нов мост и други инфраструктурни проекти ќе добие општина Аеродром

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес беше во посета на општина Аеродром, на една од најкритичните сообраќајни…

October 1, 2025
ПОЛИТИКА

(Видео) „Над 11.000 фирми не исплатиле плати, владата има 900 милиони евра неисплатени обврски“, вели Кузеска

„Над 11.000 фирми не исплатиле плати, причините секако се лошите економски политики на власта. Состојбата во економијата и во стопанството…

August 21, 2025
ПОЛИТИКА

Кузеска: Половина од коалицијата на Мицкоски има бугарски пасоши, а глумат патриоти пред народот

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција упати серија обвинувања до власта, нарекувајќи ја коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ „најголем…

May 13, 2026
ПОЛИТИКА

Николоски: Стево троши си ја пензијата и не туку дели „ум“ на светските лидери

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, жестоко го нападна поранешниот претседател Стево Пендаровски, обвинувајќи го дека по десет месеци молк, сега…

March 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?