Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Андоновски: Имотен лист од сега достапен на националниот портал – uslugi.gov.mk
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Андоновски: Имотен лист од сега достапен на националниот портал – uslugi.gov.mk
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Имотен лист од сега достапен на националниот портал – uslugi.gov.mk

Објавено March 10, 2025 08:33
Сподели
Сподели

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, вчеравечер беше гостин во Тема на денот на ТВ Сител, тој зборуваше за новите услуги од Агенцијата за катастар на недвижности, кои од сега на граѓаните им се достапни на националниот портал за електронски услуги, uslugi.gov.mk како и во Центрите за услуги на министерството.

„Нашиот фокус сега е да одиме во два правци. Едниот правец е да ги дигитализираме услугите што граѓаните најмногу ги користат за да ја поткренеме свесноста дека постојат вакви електронски услуги и секако паралелно со тоа да одиме со оние институции коишто се најподготвени за брза дигитализација на нивните услуги“ – изјави Андоновски во интервју за Тема на денот на ТВ Сител.

Министерот посочи на соработката со Агенцијата за катастар. Имотниот лист и пет други најкористени услуги од катастарот од оваа недела се достапни на порталот uslugi.gov.mk. Во сите центри за услуги во Скопје, во Општина Аеродром, во Јегуновце, во Куманово, во Охрид, во Битола и во Тетово граѓаните ќе можат да извадат ваков документ преку електронска услуга од катастарот.

„Тоа практично значи дека шалтерите од катастарот ги прошируваме низ целата држава и во нашите центри за услуги“ рече министерот.

Тој истакна и дека со измените на Законот за електронски документи од 1 јануари секој документ којшто ќе се испечати од порталот односно електронски документ ќе може да се користи како традиционален документ, со синиот печат.

Што значи дека овие документи имаат електронски печат, електронски потпис, времен жиг кој што точно утврдува кој го произвел, кој го потпишува и во кое време, што значи имаат полноправна валидност и ќе можат да се користат“ дополни Андоновски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Марк Карни ќе го замени Трудо како премиер на Канада
Следна Статија ВИДЕО: Хаос во Букурешт по забраната за Георгеску да биде претседателски кандидат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Очекувам проблемот со превозниците да се реши, од септември се разговара со ЕК

Од септември месец ова прашање е на дневен ред во рамки на нашите разговори со Европската комисија. Министерот за надворешни…

January 27, 2026
МАКЕДОНИЈА

Казината оддалечени најмалку 500 метри од училишта, нема апарати во обложувалниците, ограничувања за рекламите

Владата го утврди новиот усогласен текст на Предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри кој ќе биде испратен…

May 13, 2026
МАКЕДОНИЈА

Артан Груби уапсен на Блаце

Утрово МВР го уапси Артан Груби на граничниот премин Блаце. Артан Груби екс прв вицепремиер од владата на СДСМ и…

February 23, 2026
МАКЕДОНИЈА

Градоначалникот на Кочани Папазов си даде оставка поради морални причини

Почитувани сограѓани,Во овие најтешки мигови за нашата земја и за мене лично, сакам да соопштам дека поднесувам неотповиклива оставка од…

March 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?