Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: До почетокот на јули ќе се комплетира листата за кандидати за градоначалници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: До почетокот на јули ќе се комплетира листата за кандидати за градоначалници
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: До почетокот на јули ќе се комплетира листата за кандидати за градоначалници

Објавено June 14, 2025 13:02
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека на седницата на ИК на ВМРО-ДПМНЕ синоќа е донесеа одлука за осум нови кандидати за градоначалници, како што рече, според негово убедување и идни градоначалници. ВМРО ДПМНЕ, посочи Мицкоски, досега објави 33 кандидати за градоначалници, а во моментов се прават мерења за уште 17 општини. Очекува бројката за кандидатите за градоначалници за претстојните локални избори да биде заокружена до средината на јули.

  • Практично сите општини да ги добијата имињата на кандидатите. Исто така дел од кандидатите што ќе ги поддржиме уште во првиот круг се кандидати од коалициските партнери, коишто доаѓаат како од ВМРО ДПМНЕ. Но и во рамки на внатрешната коалиција за да видиме како ќе се покажат мерењата на јавно мислење, така што и доколку и таму имаме одредени потенцијали, коишто се над капацитети на ВМРО ДПМНЕ, ние немаме проблем како политичка партија да ги поддржиме. Така што очекувам целокупниот овој процес да се комплетира некаде крајот на првата половина на јули месец, изјави Мицкоски.

МИА синоќа информираше дека во Штип на седница на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ донесе одлука да му предложи на Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ за Македонски Брод кандидат за градоначалник да биде Жарко Ристески, кој е и актуелен градоначалник на оваа општина и во Општина Могила да биде актуелниот градоначалник, Драганчо Саботковски, потоа за Општина Пробиштип кандидат за градоначалник е Тони Тоневски, за Богданци ВМРО ДПМНЕ го предлага Марјан Пеев, за Општина Демир Капија ја предлага Наталија Димитриева, за Општина Росоман предлог за кандидат за градоначалник е Ѓорги Крстевски, за Општина Новаци е Стевче Стевановски и за Општина Дебарца е Златко Силјановски.

Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ синоќа одлучи и генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски да биде претседател на Републичкиот изборен штаб, којшто ќе ја води кампањата за локалните избори.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Земјоделството е стратешки приоритет на оваа Влада
Следна Статија Уште една држава се придружи во БРИКС

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: При крај на оваа пролет ќе се набават камионите за „Комунална хигиена“-Скопје

Преку Министерството за транспорт и во соработка со Светската банка ќе се набават 40 нови возила за потребите на ЈП…

February 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

Македонската армија ќе добие нови пушки од САД

Македонија е меѓу земјите кои ќе добијат ново пешадиско вооружување во рамки на договор што го додели Пентагон на американската…

April 6, 2026
МАКЕДОНИЈА

Кирков: Една седница нема да ги реши дивоградбите кои ДУИ ги гради 20 години, Данела да не прави театар

Една седница нема да ги реши дивоградбите кои ДУИ ги гради 20 години, Данела Арсовска да не прави театар, истакна…

June 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Честитка од Сиљановска-Давкова по повод Водици

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква –…

January 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?