Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почна увидот во опожарената зграда во Чаир
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Почна увидот во опожарената зграда во Чаир
МАКЕДОНИЈА

Почна увидот во опожарената зграда во Чаир

Објавено October 11, 2024 18:12
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје и полициски екипи започнаа увид во зградата на улицата „Прохор Пчињски“ во Чаир, каде на 2 октомври избувна пожар во подрумските простории на зградата. Според МВР, истраги се вршат бидејќи Секторот за внатрешни работи Скопје претходно ги завршил сите подготовки и овозможил пристап до овој објект. Од полицијата информираат дека пристапот до објектот се контролира строго и најпрво во присуство на сопствениците на становите се врши евиденција на предметите и штетите предизвикани на становите. Според полицијата се уште се обезбедуваат подрумските простори од каде според првичните информации настанал пожарот за пристап и испитување на причините. Од МВР најавија и дека времетраењето на истражните дејствија на терен ќе зависи од времето потребно за прибирање на сите докази.

Од друга страна, голем дел од семејствата кои живеат во оваа зграда веќе почнаа да се соочуваат со бројни потешкотии околу сместувањето и обезбедувањето на нивната материјална егзистенција. Впрочем, на социјалните мрежи Советот на зградата апелира до добротворните организации кои имаат можност да ги сместат семејствата погодени од пожарот и да им олеснат по несреќата. Според Советот, во оваа зграда има семејства социјални случаи, деца без родители и болни лица.

На 2 октомври избувна пожар во подрумските простории на зградата при што е причинета голема материјална штета. Пожарот кој продолжи да биде активен 30 часа зафати десетици станови во оваа зграда. Евакуирани беа 35 семејства. Голем дел од жителите поради вдишување на чад побараа лекарска помош, а меѓу нив имаше и пожарникари. Лекарска помош побараа 43 лица, од кои 12 деца.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Продолжуваме посветено да чекориме по патот на борбата за создавање на држава на среќни и задоволни граѓани
Следна Статија Претставници на Народната банка работеа на клучно истражување за македонската економија објавено од ММФ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Фатон Сељами предложен за нов народен правобранител

Комисијата за прашања на избори и именувања на денешната седница го утврди Фатон Сељами како предлог за нов народен правобранител.…

July 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Повремени врнежи од дожд, попладне од снег

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките…

January 10, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски денеска во Брисел со лидерите на Западен Балкан

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска рисел ќе присуствува на Самитот на лидерите на ЕУ и државите од Западен Балкан.…

December 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Важно е што во ЕУ се слуша поинакво мислење, самите членки се изморени од објаснување зошто пристапниот процес не треба да се билатеризира, туку европеизира

„Она кое што е важно да се напомене, што впрочем го кажа еден од премиерите на земјите членки, е дека…

December 19, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?