Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Андоновски: Македонија добива Национален центар за вештачка интелигенција – започнува проектот „Везилка“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Андоновски: Македонија добива Национален центар за вештачка интелигенција – започнува проектот „Везилка“
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Македонија добива Национален центар за вештачка интелигенција – започнува проектот „Везилка“

Објавено October 14, 2025 13:05
Сподели
Сподели

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска официјално го претстави проектот „Везилка“ – Национален центар за вештачка интелигенција, капитален проект со историско значење за дигиталната трансформација на Република Македонија.

Проектот, со вкупна вредност од околу 6 милиони евра, се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија преку програмата Horizon Europe и иницијативата EuroHPC, а е ко-финансиран од Министерството за дигитална трансформација и ФИНКИ – носител на проектот.

– Ова е капитален проект со историско и национално значење – нова страница во дигиталниот развој на Македонија, во која Владата, универзитетите и индустријата заеднички градат национален систем за вештачка интелигенција, со ‘Везилка’, нашата држава станува активен дел од европската мрежа на центри за вештачка интелигенција. Ова е суштински чекор за нашата научна, технолошка и иновациска заедница, истакна министерот Андоновски.

Центарот ќе биде придружна единица на европската AI фабрика „Pharos“ со седиште во Грција, што на македонските институции, истражувачи, компании и стартапи ќе им овозможи пристап до европски суперкомпјутери и напредни податочни простори.

Проектот има и јасна општествена мисија – да создаде национален екосистем за одговорна и доверлива примена на ВИ во следните пет приоритетни области:

Прво и најзначајно: Јазик и култура – целта на овој проект пред се е системски развој на македонски јазични модели и дигитална заштита на културното наследство;

Понатаму примена на ВИ во Здравство – анализа на здравствени податоци и подобрување на медицинските услуги;

Енергетика – оптимизација на производството и потрошувачката на енергија;

Јавна администрација – автоматизација на процеси и зголемена транспарентност;

Земјоделие – примена на паметни технологии за современо и одржливо производство.

Суштината на „Везилка“ е едноставна: да создадеме интелигентни решенија кои му служат на човекот – да направиме технологијата достапна, корисна и етична.

Дополнително, „Везилка“ ќе функционира и како центар за обука и развој на човечки капитал, каде ќе се организираат тренинзи, практични проекти и едукативни програми во областа на вештачката интелигенција.

– Создаваме систем, а не ад хок проекти. ‘Везилка’ ја симболизира нашата визија – Македонија како дигитално суверена држава со силна научна и иновациска основа. Ова е чекор со кој нашата земја станува активен партнер во европскиот технолошки простор, а не само набљудувач, додаде министерот Андоновски.

На крајот, тој упати јавна покана до сите академски и научни институции, како и до приватниот сектор, да се вклучат во овој национален проект со европска димензија, со цел градење на една паметна, дигитална и иновативна Македонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 2500 денари за скопските пензионери со ниски примања, Поддршка за лицата со попреченост и за нивните семејства
Следна Статија Мицкоски: Од средбата со Фон дер Лајен очекувам реафирмирање на позицијата за нашата стратешка цел – полноправното членство во ЕУ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Процесот на пристапување кон ЕУ мора да се темели на заслуги и реформи, со јасни критериуми

Премиерот Христијан Мицкоски денес се обрати на Конгрес на ЕПП каде порача дека процесот на пристапување кон ЕУ мора да…

April 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Електронски свидетелства од наредната учебна година

Од наредната учебна година наместо печатени, свидетелствата од завршени одделенија во основно образование ќе бидат во електронска верзија и дигитално…

July 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Ќе има нов пристап за сообраќајни прекршоци преку СМС известувања и камери на црни точки

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, беше гостин на трибина со наслов „Суштината на проблемот-Лоши закони или лоша примена?“, и…

February 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски по акцијата во РЕК Битола и Осломеј: Продолжува борбата со криминалот, во период што следи ќе има десетици вакви случаи

Ќе продолжи борбата со криминалот. Нема да правиме естрада од сето тоа. Се држиме до тоа што сме го кажале,…

December 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?