Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 2500 денари за скопските пензионери со ниски примања, Поддршка за лицата со попреченост и за нивните семејства
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > 2500 денари за скопските пензионери со ниски примања, Поддршка за лицата со попреченост и за нивните семејства
ПОЛИТИКА

2500 денари за скопските пензионери со ниски примања, Поддршка за лицата со попреченост и за нивните семејства

Објавено October 14, 2025 13:04
Сподели
Сподели

Пензионерите од Скопје кои имаат ниски примања ќе добиваат по 2.500 денари, најави денеска кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Зборувајќи за Скопје што се грижи, тој најави и финансиска поддршка за лицата со попреченост, како и други социјални мерки.

– Скопје ни е дом на сите нас. На младите кои сонуваат и планираат, на семејствата кои градат иднина, на старите кои нè воспитале и на сите кои и покрај секојдневните предизвици, заслужуваат достоинствен живот. Затоа, мојата визија за Скопје е едноставна, но длабока: ова е град што им припаѓа на сите, без разлика на возраст, здравствена состојба, социјален статус или материјална положба. Скопје не смее да биде град на нееднаквости. Сакам Скопје да биде град кој се грижи за сите. Град кој ги гледа, слуша и поддржува своите граѓани. Град што не заборава дека човечноста е темелот на секоја вистинска модернизација – порача Ѓорѓиевски.

Нашите највозрасни сограѓани не бараат многу – ним им треба внимание, достоинство и сигурност, додаде тој и нагласи дека е предвиден сеопфатен пакет мерки за подобрување на квалитетот на животот во третата доба.

– Позитивните практики од мерките во Кисела Вода како што се „Итно копче“, „Транспорт на стари лица“ како и „Нега за во возрасни лица во нивниот дом“, ќе бидат применети на ниво на целиот град. Воведуваме субвенционирано бањско лекување, континуирана здравствена грижа и рехабилитација, подобрени услови за домување и можности за активен општествен живот. Целта е да обезбедиме пристојна, здрава и достоинствена старост. Со проектот „2.500 денари за пензионерите со најниски примања“, ќе обезбедиме финансиска поддршка за оние кои живеат со најмалку средства. Оваа мерка, која веќе ја воведов во Општина Кисела Вода, ја прошируваме на ниво на целиот град, како јасна порака дека Скопје не ги заборава своите највозрасни граѓани – рече Ѓорѓиевски.

Тој најави и целосно реновирање на сите пензионерски клубови во градот, кои ќе станат безбедни, достапни и пријатни простори за дружење, едукација и за активна старост.

– Паралелно со тоа, ја прошируваме и иницијативата „Skopje city go“, паметна картичка што ќе им овозможи на пензионерите со ниски примања да користат услуги на градските јавни претпријатија и установи бесплатно или со значителни попусти. Овде говорам за музеи, библиотеки, кина, ЗОО, жичница и слично – рече Ѓорѓиевски.

Инклузијата не е само збор, додаде Ѓорѓиевски, таа е вредност и обврска.

– Затоа ќе градиме инфраструктура на еднаквоста. Преку детално мапирање на социјалните проблеми и анализа на капацитетите и целите, ќе изградиме град каде лицата со попреченост, нивните семејства и старите лица добиваат ефикасна, достапна и интегрирана поддршка. Во согласност со Стратегијата на Европската комисија за правата на лицата со попреченост 2021-2030, ние ќе иницираме системска поддршка на здруженијата кои работат со и за лицата со попреченост, преку финансиска, институционална и програмска соработка. Паралелно, ќе развиеме 10-годишна стратегија за инклузија, која ќе ги интегрира младинските политики како алатка за активно учество на младите со и без попреченост во процесот на креирање и имплементација на инклузивни решенија, согласно европски стандарди – рече Ѓорѓиевски.

Лицата со попреченост ќе добијат целосна пристапност до институциите: рампи, лифтови, тактилни патеки, визуелна и звучна сигнализација, нагласи тој.

– Во Градот Скопје ќе воведеме офицер за асистенција кој ќе им помага при административни постапки, а дигиталната достапност ќе ја обезбедиме преку градскиот портал, каде секоја објава ќе содржи видео со толкувач на знаковен јазик. Исто така, ќе обезбедиме финансиска и стручна помош за семејствата кои се грижат за лица со попреченост и ќе развиваме програми за нивно вклучување во пазарот на труд и општествената интеграција. Истовремено, ќе се грижиме за социјално загрозените семејства и поединци преку директна финансиска поддршка, обезбедување на хуманитарни пакети, развој на програми за психосоцијална поддршка и советувалишта, како и вклучување во образовни и преквалификациски програми со цел поголема економска независност – најави Ѓорѓиевски.

За оние кои немаат дом, ќе обезбедиме помош и ресоцијализација преку отворање и зајакнување на прифатни центри со 24-часовна грижа, обезбедување на основни животни услови – храна, облека и медицинска помош, како и развој на програми за интеграција во заедницата, потенцира тој.

– Особено внимание ќе посветиме и на лицата со дијабет и со ретки болести, преку отворање специјализиран едукативен центар кој ќе организира обуки, работилници и советувалишта за правилна исхрана, здрави животни навики и управување со хронични состојби. Во истиот центар ќе обезбедиме психосоцијална поддршка за семејствата, ќе воспоставиме вмрежување со здравствени институции, здруженија на пациенти и меѓународни организации, како и креирање на дигитална платформа со информации, упатства и видео-едукации за сите заинтересирани граѓани – рече тој.

Кога се грижиме за старите, кога ги поддржуваме ранливите, кога создадеме услови секој да живее со достоинство, тогаш градиме Скопје што не е поделено по класи или можности, туку обединето околу човечноста, потенцираше денеска кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Се трошат милијарди евра, но имам чувство дека граѓаните не го добиваат заслуженото
Следна Статија Андоновски: Македонија добива Национален центар за вештачка интелигенција – започнува проектот „Везилка“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче: Граѓаните ќе платат дополнителни 20 милиони евра за камати од скапите задолжувања

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција обвини за скапите задолжувања на Владата дека ќе ја чинат државата дополнителни…

May 23, 2026
ПОЛИТИКА

Шукова и Ацевски: Приоритет за Ѓорче Петров ни е решавање на проблемот со водоснабдувањето

Кандидатката за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, денес заедно со Костадин Ацевски, кандидат за градоначалник на општина Ѓорче Петров од…

July 27, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Судијата Катевеновски бил разрешен од функција затоа што не ги исполнил нарачките на Заев, СДС и ДУИ

Секојдневно пред очите на целокупната јавност излегуваат сведоштва за злоупотреба на институциите, притисоци и уцените за време на владеењето на…

February 21, 2026
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ за критиките на Ордановски за Трамп: „Тој е близок на СДСМ, дали и Филипче скршнува од прозападниот курс на земјава“

ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение реагира на критиките на новинарот, Сашо Ордановски, за претседателот на САД, Донадл Трамп. Од владејачката партија…

February 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?