Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Автопатот Прилеп-Битола многу ќе значи за општина Могила, затоа што ќе се зголеми протокот на возила и ќе се подобрат условите за бизни
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Николоски: Автопатот Прилеп-Битола многу ќе значи за општина Могила, затоа што ќе се зголеми протокот на возила и ќе се подобрат условите за бизни
ПОЛИТИКА

Николоски: Автопатот Прилеп-Битола многу ќе значи за општина Могила, затоа што ќе се зголеми протокот на возила и ќе се подобрат условите за бизни

Објавено October 4, 2025 10:58
Сподели
Сподели

Можам да најавам дека веќе во текот на овој месец, доколку временските услови не послужат, започнуваме со целосна реконструкција на улица АСНОМ, инвестиција вредна 170 илјади евра, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски од вчерашниот народен митинг во Могила.

Тој додаде дека веќе се работи на водоснабдување на неколку населени места како Беранци, Долно Српци, Ивањевци, Попадинци и други коишто се приклучуваат на регионалниот водовод во Битола, која е инвестиција вредна 18 милиони денари.

Во однос на патната инфраструктура, Николоски ги наброја проекти вредни неколку милиони денари за кои веќе се потпишани договори со изведувачи на улици кои треба да се градат и реконструираат, каде што е предвидено изградба и на атмосферска канализација.

„Потпишани се веќе договори со изведувачи на улици коишто треба да се градат, како ул. Пелагонија во вредност од 12,3 милиони евра, којашто оди заедно со атмосферска канализација. Договор со изведувач е потпишан за реконструкција на улица Гоце Делчев и изградба на атмосферска канализација, во вредност од 8,1 милион денари. И исто во тек е рехабилитација на дел од парот Долно Српци до село Беранци во вредност од 5,4 милиони денари“, рече Николоски.

Посочи дека и во следниот период Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе продолжи да дава поддршка и за бројни други проекти кои ќе се работат во општина Могила и во другите населени места.

„Тоа се доказ дека сакаме да инвестираме, дека сакаме да работиме. А, доказ дека знаеме да завршуваме проекти се и завршените улици во цело Трновци, завршената реконструкција на улица Шемница и бројни други проекти кои заедно со градоначалникот ги работевме и ќе ги работиме. А тука е најкрупниот проект, изградбата на автопатот од Прилеп до Битола, најголема поединечна инвестиција во моментов во државата, 40 километри автопат, којшто многу ќе значи за општина Могила, затоа што ќе се зголеми протокот на возила, ќе се подобрат условите за бизнис. Сите оние коишто имаат имот покрај автопатот ќе добијат поголема вредност на имотот, а ќе се зголеми и протокот на туристи коишто ќе поминуваат оттука“, истакна Николоски.

Ги повика граѓаните на 19 октомври масовно да гласаат за број 9 и за ВМРО-ДПМНЕ

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Д-р Огнен Ивановски освои престижна награда за значаен придонес во областа реконструктивна урологија
Следна Статија Филипче: Со чесна и посветена работа Асен Шајн ќе го врати сјајот на Охрид

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ивановски: Јас сум во СДСМ од 1994 година, не може Филипче да ме исклучи

Игор Ивановски, кој е од од онаа група за реформи во СДСМ му порача да не врши притисок врз оние…

July 4, 2026
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Филипче: Победата во Лозово е на дофат

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешните средби со граѓани од Лозово, порача дека кандидатот за…

October 28, 2025
ПОЛИТИКА

Фетаи до Ахмети: Лицемерно е да зборувате за достоинство

Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, остро реагираше ден по изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој оцени дека…

April 21, 2025
ПОЛИТИКА

Децата и младите кои ќе кршат низ Центар, и нивните родители, ќе мора да вршат општествено-корисна работа

Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар и кандидат за нов мандат, оствари средба со универзитетската професорка Татјана Стојаноска Иванова, на која…

October 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?