Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Со чесна и посветена работа Асен Шајн ќе го врати сјајот на Охрид
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Со чесна и посветена работа Асен Шајн ќе го врати сјајот на Охрид
ПОЛИТИКА

Филипче: Со чесна и посветена работа Асен Шајн ќе го врати сјајот на Охрид

Објавено October 4, 2025 10:59
Сподели
Сподели

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче на граѓанската трибина во Охрид, порача дека оваа општина заслужува посветена, чесна и одговорна локална власт, со Охрид повторно ќе биде бисер на Македонија.

„Сега имаме можност заедно да го направиме Охрид повторно бисер на Македонија. За нас и за нашите поколенија. Сега е време за промени во Охрид, време е општината да добие градоначалник како д-р Шајн”, порача Филипче.

Лидерот на СДСМ го претстави кандидатот за градоначалник, Асен Шајн, како човек со визија, искуство и посветеност кој ќе ги заврши проектите, ќе го врати редот и ќе се грижи за охриѓани со чесност и посветеност.

„Тој е тука за да го врати редот, да ги заврши проектите и да го врати Охрид на граѓаните. Асен е вреден човек, чесен човек. Човек кој ќе работи во интерес на Охриѓани и ќе се грижи за нив исто како што се грижи за нивното здравје. Кај него нема ароганција, нема непристапност, тој ќе биде човек на народот”, посочи Филипче.

Тој се осврна на моменталната состојба во општина Охрид, посочувајќи дека реалноста покажува сериозни проблеми: непланско ширење на градот, зголемени цени на јавни услуги, недовршени капитални проекти и сообраќаен хаос, што го намалува квалитетот на животот на охриѓани.

„Охрид стана симбол на урбанистички хаос, со рекорден број дозволи за градба и недовршени проекти како плоштадот „Крушевска Република“, велосипедската патека до Св. Стефан и катната гаража. Локалната власт е фокусирана на фамилијарни вработувања и тендери, додека граѓаните се соочуваат со секојдневни проблеми“, нагласи Филипче на граѓанската трибина на СДСМ и Коалицијата „Се бориме за нашиот дом”

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Автопатот Прилеп-Битола многу ќе значи за општина Могила, затоа што ќе се зголеми протокот на возила и ќе се подобрат условите за бизни
Следна Статија Златан за 44-от роденден се почести со автомобил од четири милиони евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Лабудовиќ: Со зелени поени, селекција на отпад и еко-часови, создаваме општина што дише, расте и живее во хармонија со природата

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, ја најави една од најиновативните и најхрабри еколошки иницијативи во Македонија –…

October 12, 2025
ПОЛИТИКА

ДУИ го цинкари Уставниот суд кај дипломатите

Лидерот на опозициската ДУИ го обвинува Судот пред странските претставници дека носи етнички одлуки, врши мајоризација, веќе го укинал „балансерот“,…

March 14, 2026
ПОЛИТИКА

ВРЕДИ: Изгубените од ДУИ со последните три прес конференции може да конкурираат во категоријата најсмешни видео инсерти

Смрзнати од страв што се одмотува клопчето во Лотарија и матните зделки на Артан и Прпарим излегуваат на површина, смислиле…

November 7, 2024
ПОЛИТИКА

Костовски: Најновиот скандал со тендерските шеми на ДПМНЕ е изградбата на пазарот во Неготино

Најновиот скандал со тендерските шеми на ДПМНЕ и изградбата на пазарот во Неготино открива алармантни сомнежи за расипничко и криминално…

April 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?