Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски до Спасовски: Го прашавте ли вашиот заменик министер од каде му се парите за ноќевање за 3000 евра во луксузни хотели
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски до Спасовски: Го прашавте ли вашиот заменик министер од каде му се парите за ноќевање за 3000 евра во луксузни хотели
ПОЛИТИКА

Мицкоски до Спасовски: Го прашавте ли вашиот заменик министер од каде му се парите за ноќевање за 3000 евра во луксузни хотели

Објавено October 31, 2024 18:15
Сподели
Сподели

Вие како пратеник господине Спасовски можете овде сè да кажете. Но, вистината е следна, Теолошки факултет со 240 кредити по најновата програма од 2018 година, диплома веродостојна издадена од институција за која може да се провери одма. Во 2008 година работела како вероучител во четири основни училишта на територијата на Општина Куманово, била вероучител во камповите за веронаука организирани од страна на Црквата, била вероучител во кампот во Рајчица итн. Така што околу компетенциите клеветите кои што ги кажавте навистина ќе се воздржам од коментари, вели претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање на денешната собраниска седница.

Премиерот Мицкоски го праша Спасовски за која администрација зборува и дали побарал одговорност и дали го прашал тогашниот заменик министер за внатрешни работи од каде му се парите за луксузните ноќевања во хотели во Турција кои чинеле по 3000 евра за една ноќ.

„Поврзано со администрацијата, за која администрација сега зборите за онаа која на Јово Вукотиќ му даваше пасош или онаа на Седат Пекер. Или оној ваш заменик министер отседнуваше во супер луксузни пет ѕвездени хотели во Истанбул во апартмани од 700 квадрати каде што самиот се снимаше. За што зборуваме сега. Вие одговорност побаравте тогаш или како маченца молчевте, како мачиња. Еве ве прашувам, вие сте можеле да го прашате од каде 3000 евра да плаќаш за ноќевање во овој луксузен хотел? Кој ти ги плати и знаете дека не е само тоа, да ве потсетам уште каде се и што сè е правено или да оставиме тоа да го утврди Панче Тошковски“, истакна Мицкоски.

„Така да господине Оливер Спасовски, точно е тема која што се зборува со децении и да треба реформи во администрацијата. Во постојана комуникација сум со министерот за јавна администрација, колку ни е важна јавната администрација говори фактот што имаме посебно министерство кое ќе се грижи само за јавната администрација и во постојани разговори сум со министерот и можам да кажам дека она кое што е сработено во овие 120 дена за многу брзо ќе дојде и овде во Собрание и ќе имате можност сите заедно да дебатирате и заеднички да креираме закони кои ќе значат ефикасна администрација“, изјави премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски нагласи дека администрацијата гледа како тој над нив функционира, па така функционираат и тие потенцирајќи дека таа работна дисциплина изминатите 7 години била доведена до башибозук.

„Администрацијата работи врз основна на инстинкт. А кој го диктира инстинктот? Тој што ја раководи институцијата. Ако тие се корумпирани и ако тие се мрзеливи, неамбициозни полни со криминал, тоа се рефлектира по вертикала надолу. Тие гледаат како тој над нив функционира и тоа се вика работна дисциплина. Таа работна дисциплина изминатите 7 години беше доведена до еден турски збор башибозук“, дециден е Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се намалува криминалитетот кажа Тошковски во Собрание
Следна Статија МВР со апел до граѓаните по зголемениот број на фишинг-напади

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче: Цените oтидоа во плафон, не можат луѓето да живеат повеќе

Само СДСМ е тој кој ќе може да се спротивстави на ВМРО–ДПМНЕ и никој друг, порача претседателот на СДСМ, Венко…

September 26, 2025
ПОЛИТИКА

Сиљановска-Давкова: Да се размисли за ограничување на градоначалничкиот мандат на двa мандата

Локалните избори беа сосема во ред, како што треба да бидат по 30 години. Ме изненади малиот број кандидатки, очекував…

November 4, 2025
ПОЛИТИКА

Зоран Заев се најде во мемоарите на Ангела Меркел

Бившата германска канцеларка Ангела Меркел ја објави својата книга „Слобода: Мемоари 1954-2021“, дело со кое повторно го сврте светското внимание…

November 27, 2024
ПОЛИТИКА

Петрушевски: Со закани, уцени и притисоци, Филипче и Заев сакале да ја земат болницата Жан Митрев

Сведоштвата на др. Жан Митрев во кои директно ги обвинува Заев и Филипче дека преку својата политичка моќ и државните…

January 19, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?