Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МВР со апел до граѓаните по зголемениот број на фишинг-напади
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > МВР со апел до граѓаните по зголемениот број на фишинг-напади
ХРОНИКА

МВР со апел до граѓаните по зголемениот број на фишинг-напади

Објавено October 31, 2024 18:30
Сподели
Сподели

Во врска со зголемениот број на измами што годинава беа забележани, а кои опфаќаат фишинг-напади и случаи на лажно претставување во име на министерот за внатрешни работи и директорот на Бирото за јавна безбедност, Секторот за компјутерски криминал при МВР, Ве известуваме дека главната цел на фишинг-измамите е да се приберат личните податоци на примателот или да се натера да посети лажна веб-страница, информираат од МВР.

Обидите најчесто доаѓаат преку електронска пошта, но и преку социјалните мрежи, СМС пораки или телефонски повици. Во некои случаи, жртвите добивале порака дека се предмет на наводни правни постапки за измислени кривични дела и се повикувале да стапат во контакт со испраќачот преку вибер или телеграм линк.

Дополнително, постојат случаи во кои граѓаните добивале пораки наводно испратени од директорот на Бирото за јавна безбедност или министерот за внатрешни работи, со кои им се соопштува дека се под истрага за извршени кривични дела и дека е потребно да се регистрираат преку е-пошта и да ги достават нивните лични податоци.

-Овие електронски пораки се класичен обид за измама со цел прибирање на лични податоци за нивна понатамошна злоупотреба. Затоа, апелираме до сите граѓани да бидат внимателни, да не ги отвораат овие пораки и никако да не контактираат со испраќачот преку доставениот линк или да споделуваат лични податоци доколку тоа се бара.

За да се избегне ризикот од зараза со малициозен софтвер, Секторот за компјутерски криминал препорачува граѓаните да не отвораат сомнителни линкови и датотеки прикачени во е-маил пораки од непознати испраќачи. Дополнително, сакаме да ја информираме јавноста дека ваквите измами честопати имаат меѓународна димензија, бидејќи слични пораки се забележани и во други држави од регионот, додаваат од МВР.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски до Спасовски: Го прашавте ли вашиот заменик министер од каде му се парите за ноќевање за 3000 евра во луксузни хотели
Следна Статија Мицкоски најави консултации за реформи во Судскиот совет следната недела

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Запленета поголема количина цигари без бандероли и дробен тутун, лишени од слобода две лица

Денеска (21.08.2025) околу 05:30 часот во Тетово, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи…

August 21, 2025

Турски државјанин пoчинал во хотел на Бит Пазар

На 15.08.2025 во 07:37 часот во СВР Скопје е пријавено дека во хотел на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден…

August 16, 2025
ХРОНИКА

Приведен кумановец, ги натепал партнерката и нејзиниот син

Четириесетгодишен кумановец бил приведен вчера по пријава дека физички ја нападнал девет години постарата партнерка и нејзиниот син. На 29.05.2026…

May 30, 2026
ХРОНИКА

Нападот на Раде Штекли беше најавен на ТикТок: „Скопје, Керамидница карши Ист Гејт! Стиже катаклизма, љуби те брат

Нападот со бомба на Раде Штекли беше најавен на социјалната мрежа на ТикТот. Имено, на ТикТок како најава е објавено…

November 14, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?