Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нико Чонески: Бројките се немилосрдни за Томе и неговото владеење во Крушево, за два мандати реализирал 3 пати помалку од неговите претходници (ВИДЕО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Нико Чонески: Бројките се немилосрдни за Томе и неговото владеење во Крушево, за два мандати реализирал 3 пати помалку од неговите претходници (ВИДЕО)
ПОЛИТИКА

Нико Чонески: Бројките се немилосрдни за Томе и неговото владеење во Крушево, за два мандати реализирал 3 пати помалку од неговите претходници (ВИДЕО)

Објавено October 3, 2025 09:51
Сподели
Сподели

Томе Христоски како градоначалник на Крушево реализирал капитални инвестиции во вредност од 3 милиони евра за 8 годишен мандат, а неговите претходници за ист период имале 10 милиони евра, истакна во дебата на ТВ 24, кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Нико Чонески.

-Замислете, кажавте дека пред вашето доаѓање Крушево било анонимно. Значи никој не слушнал во Македонија и во светот, сите слушнале откако вие дојдовте на власт. Не слушнале ни за Питу Гули, ни за Илинденоско востание, кога дојде Томе Христоски тогаш сите разбраа за Крушево. Кога зборуваме за капитални инвестиции, можеме да набројуваме и два дена кој колку направил или не направил, но важни се бројките.
Бројките се немилосрдни.Во вкупна вредност, Томе Христоски реализирал капитални инвестиции во вредност од 3.000.000 евра за 8 годишен мандат. Ако ги споредиме тие бројки со 8 годишниот мандат на неговите претходници, таа сума е 10.000.000 евра. Значи претходните двајца градоначалници во нивните мандати за 8 години, реализирале капитални инвестиции од 10.000.000 евра, Томе Христоски за истото време во два мандати за 8 години, 3.000.000 евра. Значи на Томе Христоски ќе му требаат уште 4 мандати за да ги стаса неговите претходници
 – рече во своето излагање Чонески.

Мојата визија е мојот животен сон. Мојот животен сон e Крушево да биде место каде што ќе биде привилегија да се живее, налик на монденските градчиња по Алпите кои секој сака да ги посети, а никој не сака да си замине од нив – истакна Нико Чонески.

-Ние сакаме да менаџираме и да управуваме со општината, а не да владееме како до сега со непопуларни методи од типот на закани, притисоци и уцени. Тоа апсолутно ќе се смени и ветувам дека јас ќе се погрижам и никогаш да не се повтори,  рече Чонески.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лукровски: Ќе го решиме проблемот со паркирањето на карпошани со 600 нови паркинг места и ќе ставиме крај на бетонизацијата
Следна Статија Тие имаат посебна моќ врз луѓето: најголемите манипулатори во хороскопот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Кузеска: Нов скандал со дипломи на повидок, дали Јанев е незаконски назначен на чело на БЈБ

Нов скандал со безбедносните служби е на повидок. Јавно се објавени сомнежи за незаконско именување на директорот на Бирото за…

May 20, 2025
ПОЛИТИКА

СПОРЕД ОСВОЕНИ ОПШТИНИ ГО ПОБЕДИВМЕ СДСМ 10:1 Граѓаните избраа работа и дела, вели ВМРО-ДПМНЕ

Локалните избори беа одраз за тоа дека доколку работиш чесно, транспарентно и посветено, народот ќе го цени тоа и ќе…

October 24, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче беше фатен и со матен тендер за стерилизацијата која е клучна во медицината, неспособноста завршува со нив!

Неспособноста завршува со нив, работиме 100 проценти одговорно за твојата иднина, велат од партијата.За да оцениме дали сме задоволни треба…

October 5, 2024
ПОЛИТИКА

Осум кандидатури за градоначалник во Куманово

Во Општинската изборна комисија Куманово поднесени се осум кандидатури за градоначалници и 14 листи за советници за претстојните локални избори,…

September 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?