Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Андреа Бочели сними дует со првиот светски тениски рекет Јаник Синер (ВИДЕО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Андреа Бочели сними дует со првиот светски тениски рекет Јаник Синер (ВИДЕО)
ЗАБАВА

Андреа Бочели сними дует со првиот светски тениски рекет Јаник Синер (ВИДЕО)

Објавено June 23, 2025 08:46
Сподели
Сподели

Италијанскиот оперски тенор Андреа Бочели и тенисерот број еден во светот – Јаник Синер го објавија својот прв дует насловен „Polvere e Gloria“ („Прашина и слава“).

Бочели и Синер споделија промоција на песната на Инстаграм, со снимки од детството на пејачот и тенисерот, како и понови снимки, на кои се гледа како Синер држи рекет и тениско топче пред пијано во домот на Бочели во Тоскана.

Песната, која е на италијански и англиски јазик, ги содржи и мотивациските говори на Синер, во кои тој и кажува на публиката да „бидат тоа што се“.

„Секој живот е потенцијално уметничко дело – секој од нас ја носи слатката одговорност да ги негува своите таленти во секојдневните акробации на животот, следејќи ги своите соништа, а воедно останувајќи цврсто верни на своите вредности“, рекоа Бочели и Синер во заедничка објава на Инстаграм.

Тие нагласија дека овој дует произлегол од нивната „заедничка и непоколеблива“ желба ништо да не биде невозможно.

Тројниот шампион на Гренд слем турнирите нагласи дека е почестен што е дел од проектот со Бочели, за кого рече дека има „уникатен и извонреден глас“ и ја претставува Италија во светот, пренесува Ројтерс.

„Никогаш не можев да замислам дека ќе го слушнам својот глас во една од неговите песни. Тоа е исклучително трогателно“, додаде 23-годишниот ас.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Арсовска и во недела „ловеше“ дивоградби во Чаир, тврди дека се работи за сериозен урбанистички и безбедносен скандал
Следна Статија Нетанјаху: Блиску сме до остварување на своите цели во Иран

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Дончиќ на рака има часовник од 80.000 евра и скршен Ајфон

Доаѓањето на НБА суперѕвездата Лука Дончиќ на финалниот натпревар од АБА 2 лигата помеѓу Илирија и Босна предизвика невидено внимание…

May 9, 2025
ЗАБАВА

Тејлор Свифт му подари 100.000 долари на вработен, кој работел на нејзината турнеја

Ако некогаш сте се запрашале колку би можеле да заработите како помошен работник на турнејата Eras на мегаѕвездата Тејлор Свифт,…

January 15, 2025
ЗАБАВА

(Видео) Џенифер Лопез бакна танчарка на доделувањето на наградите AMA, предизвика бурни реакции

Џенифер Лопез (55) предизвика бура од реакции откако страсно бакна и машки и женски танчери во живо пред милиони гледачи…

May 27, 2025
ЗАБАВА

Ако ја возев таа вечер во Париз, ќе беше жива, вели шоферот на принцезата Дајана

Поранешниот возач на британската принцеза Дијана, Стив Дејвис, изминативе денови повторно се најде во фокусот на јавноста откако реши да…

November 12, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?